СКАНДАЛ: Вработените во СД Пелагонија биле принудени во работно време да носaт маици од СДС

Денес на прес конференција за медиумите, Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека најгрубо ги партизираат и „силуваат“ институциите, а со тоа и директно го нарушуваат изборниот процес.Тие на прес-конференцијата прикажаа слика на која јасно се гледа дека вработена во студентскиот дом ПЕЛАГОНИЈА, која во текот на работното време носи партиска маичка со партиски обележја од Социјалдемократскиот сојуз.
Ова е најгрубо партизирање на институциите од страна на Социјалдемократскиот сојуз. Ова е директно нарушување на изборниот процес. Ова е класично мешање на партија и држава, што Социјалдемократскиот сојуз го спроведува уште од првиот ден – изјави Димче Асовски.
– За жал, ова не е прв случај на мешање на партија и држава. Социјалдемократскиот сојуз ги запоседна институциите со своите партиски кадри, кои се во функција и им водат изборна кампања на кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз.
-На другата слика можеме да ги видиме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз во Охрид, Јован Стојаноски во придружба на Димитар Вервезовски, претседател на Општинската изборна комисија во Охрид. Значи замислете, човекот кој треба да гарантира фер избори, оди заедно во кампања и агитира за кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз и тоа во придружба со министерот за внатрешни што, по секоја логика, полицијата треба да биде непартиска.
-На третата слика можеме да забележиме дека на партиски настан во Росоман каде што се појавува Радмила Шекеринска, во нејзина придружба е Тони Стојанов кој е инаку инспектор во Полициска Станица Кавадарци. За овој човек имаме информации дека редовно се појавува на партиските настани на Социјалдемократскиот сојуз, додадоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Димче додаде дека социјалдемократскиот сојуз во министерството за внатрешни работи ги маргинализирало професионалните кадри, а за сметка на тоа поставило партиски кадри кои секојдневно агитираале и вршеле притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз.
-Бараме одговорност и брза реакција од страна на надлежните и исто така ги повикуваме сите релевантни институции кои се вклучени да ги следат нерегуларностите во изборниот процес веднаш да реагираат на нарушувањето на изборниот процес и најгрубото мешање на партија и држава од страна на Социјалдемократскиот сојуз.
Сите овие примери се уште еден доказ дека Социјалдемократскиот сојуз се исплашени, затоа што ќе ги изгубат изборите на 15-ти октомври и затоа што на терен ги вадат сите свои партиски кадри од институциите да вршат притисок врз гласачите. Но сепак сето ова им е џабе, бидејќи граѓаните ќе ги поразат на 15-ти октомври со пенкалото во рака – заклучија од ВМРО-ДПМНЕТие на прес-конференцијата прикажаа слика на која јасно се гледа дека вработена во студентскиот дом ПЕЛАГОНИЈА, која во текот на работнот

Пронајдете не на следниве мрежи: