Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски продолжува со опструирање на работата на училиштата каде се уште не инсталирал раководство од партиските структури, пишува порталот Денешен.мк.По полициските упади и девалвирањето на работата на “11 Октомври“, “Коле Неделковски“ и најстарото основно училиште во државата “Кирил и Методиј“, речиси идентично сценарио за поставување на партиска испостава се обидува да спроведе и во основното училиште “Димитар Миладинов“, каде во тек е оглас за избор на ново раководство.
-И овој пат, силен е притисокот врз членовите на највисокиот управен орган, училишниот одбор, кои неодамна спровеле постапка за избор на директор и согласно законските процедури до градоначалникот доставиле 2 предлози, од вкупно пријавените тројца кандидати. Сепак членовите на одборот кои се претставници на општината и се инфилтрирани од Жерновски, незадоволни од тоа што биле надгласани, ја оспориле постапката, притоа немајќи објаснување за тоа, кои одредби од законите се прекршени. Нивните тврдење, кои на денешната вонредна седница на општинскиот совет ги изнеле советниците кои застапуваат, оделе до таму дека дел од нив никогаш не гласале за некој од пријавените кандидати за директор, а всушност со дописот кој го пратиле до општина Центар, потврдуваат дека гласале.
Во меѓувреме, рејтингот на некогашните елитни училишта опаѓа, исто како и интересот за упис на нови генерации. Жителите на Центар велат „страшно е ова што се случува во центарските училишта во последните 3 години“. На Жерновски му порачуваат конечно да се вразуми. Политиката не смее да биде ставена пред образованието на најмладите.По полициските упади и девалвирањето на работата на “11 Октомври“, “Коле Неделковски“ и најстарото основно училиште во држа