Скандалот со коњското месо е „криминален заговор“

Британскиот министер за екологија Овен Патерсон, задолжен за прашањата од прехранбената индустрија, во понеделникот изјави дека скандалот со коњското месо кое се продавало како говедско, укажува на „криминален заговор“ од големи димензии, но дека засега нема докази дека таа афера би имаа какви и да се последици за потрошувачите.„Изгледа дека станува збор за криминален заговор. Според она со што располагам, погонот во Луксембург морал да издаде предупредување за потрошувачите во 156 земји“, изјавил британскиот министер Овен Патерсон за BBC, алудирајќи на филијалата на француската компанија „Comigel“ чиишто производи се дистрибуираат во 16 европски земји..Патерсон, меѓутоа, признал дека не го знае точно обемот на скандалот, бидејќи ги има единствено информациите од Франција кои укажуваат на две кланици во Романија. Целиот случај го нарекол „неприфатлив“, укажувајќи на компетентноста на Европската комисија.Романскиот претседател Трајан Басеску во неделата навечер изјави дека земјата би можело да ја погоди уште посилна економска криза доколку произлезе дека романското производство е одговорно за скандалот кој се појави во Европа. „Доколку се покаже дека место потекнува од Романија, нашето стопанство ќе има проблеми долги години“, рече  претседателот Басеску.Во саботата повеќето француски трговски синџири објавија во неделата дела од своите продавници ги повлекле производите на компаниите „Findus” и „Comigel” поради можно присуство на коњско во говедското место, соопштија дистрибутерите. Трговски „landi Auchan”, „Casino”, „Carrefour”, „Cora”, „Monoprix” и „Chez Picard” ги повлекле од пазарите сомнителните производи, објави Унијата за трговија и дистрибуција (FCD) во која членуваат најголемиот број француски трговски синџири. Станува збор за лазањи, канелони, шпагети со месо и мусака.Аферата изби пред неколку дена кога Британската агенција за безбедност на храната (FSA) соопштила дека во лазањите на британската компанија „Findus” пронајдени се повеќе од 60 отсто коњско месо. „Findus” тестирал 18 примероци од лазањи кои инаку ги произведува француската компанија „Comigel” и во 11 открил меѓу 60 и 100 отсто коњско месо соопшти FSA.Иако тоа месо не претставува ризик, откривањето во Велик Британија, каде што коњите се сметаат за домашни животни, предизвика запрепастеност, па дистрибутерите итно повлекоа од продажба 10 милиони смрзнати хамбургери.Според првичните сознанија на истрагата, коњското месо потекнува од Романија и е испорачано со погрешна декларација на компанијата „Spanghero” која ја снабдува „Comigel”, кој произведува јадења за „Findus”, којашто, пак, најави подигање тужба, а истрага започна и владата во Романија.
МакфаксБританскиот министер за екологија Овен Патерсон, задолжен за прашањата од прехранбената индустрија, во понеделникот изјави дека скандалот со

Пронајдете не на следниве мрежи: