Скандалозно: Ги учат студентите дека жените сами се виновни ако бидат силувани

Во книгата од која што учат студентите од Правниот факултет во Крагујевац се наведува дека жените „сами се виновни“ за силувањето, бидејќи предизвикуваат со своето „непромислено однесување.“Книгата се вика „Криминалистика“ од Бранислав Симоновиќ, кој воедно е редовен професор на Правниот факултет во Крагујевац и помеѓу останатото, се наведува дека „силуваната жртва најчесто сама му дава допринос на кривичното дело со своето непромислено однесување.“
Во делот „Карактеристика на жртвите и виктимолошки однос“, во непромислено однесување спаѓа „осамено движење по мрачните улици, предградијата, ливадите во доцните вечерни часови, или патување со автостоп.“

 
-Тоа не се мои ставови, тоа се цитати од истражувањата на една руска професорка. Мојата намера беше да им ја објаснам на студентите психодинамиката помеѓу жртвата и починителот; за идните полицајци, судии, адвокати и правници да можат превентивно да дејствуваат, раскажува професорот Симоновиќ.
Во книгата се наведува дека „женската личност со своето однесување допушта создавање на ситуација во која е самата должна да ја предвиди можноста за конфронтација.“
Деканот на Правниот факултет изненади со својата изјава дека во описот на неговото работно место не стои дека треба да се занимава со тоа што е напишано во учебниците, ниту пак да ја проценува нивната содржина.
Книгата се вика „Криминалистика“ од Бранислав Симоновиќ, кој воедно е редовен професор на Правниот факултет во Крагујевац и помеѓу оста

Пронајдете не на следниве мрежи: