СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Курс во кој д-р Халед советува како „правилно“ да се тепаат жените

Саудискиот семеен терапевт и психолог Халед ел Сакаби објавил видео – снимка од курс во кој советува како „правилно“ да се тепаат жените, објави „Индипендент“.Својот курс за тоа на кој начин треба да се тепаат жените саудискиот терапевт го почнал со зборовите дека „прашањето како да се тепа жена е комплексно, а неискусните на тој пат ги очекуваат многу опасности“. Сепак, докторот додава дека „ако биде волјата на Алах по тој мост ќе се тргне без отстапување“.
Халед ел Сакаби ги инспирира слушателите дека жената треба да се тепа за да се научи на добро однесување. Според неговите зборови тоа треба да се работи без гнев и лутина, „почитувајќи ги притоа одредбите на исламот“.
Употреба на стап и остри предмети не е дозволена, но е прифатливо употреба на мисвака (специјална четка за чистење на забите, направена од дрвото арак) или појас направен од марамчиња за нос.
-Навредливо е дека голем број на мажи користат стап. Целата е жената да разбере дека не била во право кон сопругот. Затоа,  како што тврди Сакаби, пред егзикуцијата треба да се потсети жената на нејзините права и обврски во склад со волјата на Алах. Еден од најголемите проблеми според терапевтот е тоа што жените сакаат да бидат рамноправни со мажите.
Жените во Саудиска Арабија имаат ограничени права. Помеѓу другото, забрането им е  да возат автомобил, а мажите го имаат последниот збор во такви аспекти како што се бракот, патувањата и стекнување на повисоко образование.Својот курс за тоа на кој начин треба да се тепаат жените саудискиот терапевт го почнал со зборовите дека „прашањето како да се тепа жена е к

Пронајдете не на следниве мрежи: