Само во породилиштето ГАК Народен Фронт во Белград пронајдени биле голем број на документи кои укажуваат на дупли протокол, во документите местото за името на родилките било празно и непополнето, на отпусните листи немало факсимил од лекарот кој го потполнил а печатите на клиниката биле вешто замачкани. Најчести изговори на лекарите во документите се дека смртта кај новороденчето настапила поради папочна врвца замотана околу вратчето на бебето, инфекции или неправилна работа на срцето.Во 80 насто ос случаите родилките оделе на царски рез или пак бебињата ако биле родени по природен пат веднаш биле ставани во инкубатор под најразлични изговори и на мајките не им било дозволено да ги видат – а по неколку дена им соопштувале дека бебето е мртво и на сите им ја сервирале истата приказна – млади сте ќе имате уште деца, вели за српски Курир, Ј.Рафајловиќ
Во Србија веќе со децении наназад цвета трговијата со бебиња. Според неофицијални податоци, на територијата на Србија во последните 40 години се украдени над 10.000 бебиња (над 20 бебиња месечно), а врз непречениот напредок на овој вид на криминал допринело тоа што во Србија не постои закон за украдени бебиња.
– Цената на бебињата се движи од 15.000 до 45.000 евра, во зависност од тоа каква оценка добива бебето при раѓањето, но и од потеклото и здравствената конституција на родителите. Бебињата од Србија најчесто се продаваат во скандинавските земји и Германија рекол Чичаревиќ, кој што се сомнева дека во 2003 година му е украден синот по раѓањето и кој што со оваа проблематика се занимава веќе цели две години.
Само неколку родители се собрале во Здружението на Родители на исчезнати бебиња на Србија и одлучиле работите да ги земат во свои раце и конечно јавно да прозборат за се, изјавил за „Курир“ претседателот на ова здружение, Владимир Чичаревиќ.
Тој закон според него, требал одамна да биде донесен, но не бил поради оправданиот страв на државата.
– Од тој закон се плашат сите во Владата, бидејќи покрај докторите се вмешани и бабиците и чистачките и цели општини- објаснува Чичаревиќ, кој ја открил и тарифата по која што се движат бебињата.
Тие ќе побараат да се донесе акт за постапување кон мртви новороденчиња.
– Ќе бараме да се донесе документ за забрана на погребни услуги без специјални одобренија, идентификација на мртвото новороденче и постелката и задолжителна ДНК анализа на двата родитела со што би се потврдило мајчинството или татковството. Сето тоа по примерот на шпанската беби- мафија која што во породилиштето замрзнувала мртви бебиња и постелката и со недели на несреќните родители им покажувале едно исто бебе, изјавил тој.
Доколку предлогот на ова здружение биде прифатен и Законот за украдени бебиња биде донесен Србија ќе биде прва држава со ваков закон. Со тоа не само што ќе се добие целосен увид во болничката документација на породилиштата, туку и истрага и процесуирање на сите осомничени доктори и болнички персонал.
Со овој закон ќе бидат заштитени и сите идни родители.
Извор: Mkd-news.comВо 80 насто ос случаите родилките оделе на царски рез или пак бебињата ако биле родени по природен пат веднаш биле ставани во инкубатор под најразл