Скендеровски: Многу брзо ќе се јават позитивните слики од мерките за спортот

Васко Скендероски – бизнисмен и спортски соработник смета дека позитивните сигнали од новите владини мерки за спортот ќе се јават многу брзо и како долгогодишен донатор во спортската дејност ја поздравува оваа одлука.„Овие предлог мерки ги гледам од два аспекти како бизнисмен и како спортски соработник кој би го имал бенефитот од овие олеснувања. Секако е за поздравување, се согласувам дека е важно да се поврзат сите параметри за да се склопи мозаикот, како што беше инфраструктурата, изградбата на многу спортски сали, реновирањето на многу стадиони, инвестирањето во едукативен кадар, но можеби ова е еден од најважните сегменти како сет мерки воопшто донесен за развојот на спортот, и за колективниот, но и за индивидуалните спортови, што сметам дека Македонија треба да ги има како приоритет“, истакна Скендероски.
Тој смета дека овие мерки ќе го олеснат финансирањето.
„Иако досега вложував и претходно во спортот, сметам дека нема оправдување и за другите бизнисмени да не го прават тоа, а на некој начин како долгогдишен спортски работник сметам дека мерките во голема мера ќе го олеснат финансирањето. Треба да бидеме претпазливи, чекор по чекор, не можеме да очекуваме огромни промени веднаш, но мислам дека позитивните сигнали ќе се јават многу брзо“, смета Скендеровски.„Овие предлог мерки ги гледам од два аспекти како бизнисмен и како спортски соработник кој би го имал бенефитот од овие олеснувања. Секако е

Пронајдете не на следниве мрежи: