Ова навистина би било многу смешно и дури и би се чинело невозможно некој да поверува во ова. Но сепак, милиони луѓе веруваат дека ова е вистина, а меѓу нив и многу светски познати личности и холивудски ѕвезди.Скиентологијата е еден од ретките примери за издржливост. Оваа религија не е типична, со оглед на тоа дека членовите треба да даваат пари за да се усовршуваат во својата вера и знаења, но најлошо е тоа што постои можност неуспешно да ги поминат курсевите. Доколку се случи тоа, повторно треба да се плати за да се стигне на повисоко ниво, односно на повисоката скала на „оперативните тетани“. Затоа и мал број луѓе се откажуваат од скиентологијата, со оглед на тоа дека вложиле премногу пари.
Основач на оваа религија е Л. Рон Хабард. Скиентолозите веруваат дека душата е бесмртна и дека непрегледно живеела многу претходни животи; душата се вика „тетан“. За да напредува душата кон своето ослободување, прво мора да стане чиста (ова е првиот чекор во скиентологијата). После тоа, постојат нивоа кои се викаат ОТ, што е кратенка од „оперативен тетан“. Моментално постојат осум такви нивоа. На седмото ниво, наводно може да почнете да ги помрднувате работите со поглед и на луѓето телепатски да им сугерирате што и како да мислат.
Сега веќе стигнуваме до тајната која ви ја спомнавме во насловот. Станува збор за нивната космологија која често се нарекува и „Вселенска опера“. Пред да тргнеме, едно мало предупредување: скиентолозите велат дека доколку го прочитате ова, а претходно не сте поминале низ претходните нивоа, можно е да добиете потенцијално воспаление на белите дробови, или некоја друга тешка болест. Според тоа, читате на своја одговорност.
Ксену бил брутален деспот и диктатор кој што владеел со Галактичката конфедерација пред 75 милиони години. Земјата, која тогаш се викала Тигиак, била дел од таа политичка групација во која се наоѓале 26 ѕвезди и 76 планети. Цивилизацијата на оваа вселенска држава била слична на нашата, а вонземјаните се шетале во облека која била слична на онаа во 50-те и 60-те (кога живеел Хабард). Меѓутоа, планетите биле пренаселени и секоја во просек имала 178 милијарди жители.
Ксену тогаш смислил план како да го елиминира остатокот од популацијата на своите територии. Со помош на психијатрите, тој собрал милијарди граѓани на конфедерацијата со изговор дека е потребно да се спроведе инспекција на данокот, но тогаш ги парализирал и ги замрзнал во мешавина на алкохол и гликол. Тоа го направил за да ги зароби и нивните души.
Тој потоа ги киднапирал и ги префрлил на Земјата (Тигиак). Кога стигнале на Тигиак, парализираните граѓани биле исфрлени околу вулканите ширум планетата, посебно на Хаваите и Лас Палмас, но и околу Везув, Етна, Шаста, Фуџијама и многу други. Потоа следело фрлање на хидрогенски бомби, кои биле помоќни од оние кои ги имаме денес и кои симултано експлодирале и ги убиле сите тие суштества.
Душите на овие вонземјани кои се викале тетани, биле ослободени од своите тела и почнале да одат кон небото. Меѓутоа, Ксену знаел дека ова ќе се случи и затоа поставил електронски мрежи кои ги фаќале тетаните, а потоа ги вшмукувале во вакуумски зони (кутии).
Милијардите фатени тетани биле одведени во 3Д кина, каде што биле приморани да гледаат „супер колосален филм“ цели 36 дена. На овој начин, во свеста и меморијата на несреќните тетани било уфрлено она што Хабард го нарекол „разни погрешни податоци“ (Имплант Р6), а се однесуваат на „Господ, ѓаволот, вселенската опера, итн.“. Ова ги вклучувало и сите останати светски религии, а Хабард посебно го нагласил и Христовото распнување како влијание на Ксену.
По напуштањето на киното, овие тетани почнале да се собираат во гроздови од по неколку илјади, губејќи ја моќта да прават разлика помеѓу себе и групата. Секој грозд од тетани влегол во оние делови од телото кои ја преживеале експлозијата, односно во суштествата од кои ние сме настанале и така се создале „телесните тетани“.
Повторуваме уште еднаш: ние ова не го измисливме, колку и да ви звучи неверојатно. Ова е нешто во што скиентолозите навистина веруваат!
Скиентологијата е еден од ретките примери за издржливост. Оваа религија не е типична, со оглед на тоа дека членовите треба да даваат пари за да се