> Еволуција: дизајн студијата „ŠKODA VisionC” е следната фаза во развојот на дизајнерскиот израз на Škoda> Дизајн: експресивен, динамичен, емоционален
> Концепт: ŠKODA го развива своето прво купе со пет врати
> Карактеристично за ŠKODA: Дизајн соодветен на функционалноста – купе со големи врати
> Технологија: Модерна модуларна технологија, мала тежина и оптимизирана аеродинамичност за одговорна индивидуална мобилност
> Животната средина: веќе ги исполнува строгите EU2020 стандарди со користење на конвенционална технологија – 91g CO2/km
Како дел од најсеопфатната моделска офанзива во историјата на брендот, ŠKODA ја обновува и проширува својата гама. Дизајнерскиот јазик на динамичното и елегантно купе со пет врати „ŠKODA VisionC” е вовед во следната еволутивна фаза на дизајнот на ŠKODA. Дизајнот станува се повеќе експресивен, динамичен и емотивен и ќе биде основа за новиот изглед на брендот. Во исто време купето со пет врати ги покажува можностите на брендот и идниот изгледа на каросеријата.
Повеќе од 100 години, ŠKODA произведува автомобили со строги барања кога станува збор за дизајнот на возилата. ŠKODA, преку дизајн концептот “ŠKODA VisionC”, уште еднаш ја потенцира традиционалната експертиза во дизајнот и инженерингот.
“Ние ја најавуваме следната еволуциона фаза на дизајнерскиот јазик на Škoda со концептот „ŠKODA VisionC”. Возилото го покажува извонредниот дизајн на брендот и инженерската експертиза, која се заснова на динамика и вредноста на една од светските автомобилски компании со најголема традиција” – изјави д-р Валанд, извршниот директор на ŠKODA.
Купето со пет врати „ŠKODA VisionC” има нов експресивен, динамичен и емотивен дизајн. Површините и пропорциите имаат јасен аранжман и впечатлива интеракција на светлина и сенка.
Во прилог на креативната амбициозност, „ŠKODA VisionC” импресивно го покажува оригиналниот концепт на инженерите на ŠKODA; дизајн, инженеринг, просторност, функционалност и емоционална форма комбинирани во една целина. Купето „ŠKODA VisionC” обезбедува доволно простор за четири патници и за нивниот багаж. Просторната кабина и големиот багажен простор се карактеристични за ŠKODA. Модерната MQB технологија, го доближува погонскиот систем до сериско производство, малата тежина и оптимизираната аеродинамика, исто така го демонстрираат висок потенцијал за одговорна индивидуална мобилност Под поклопецот на моторот, се наоѓа CNG / бензин бивалентен 1.4 TSI мотор со 81 kW. Кога се движи на природен гас, возилото троши само 3,4 kg или 5,1 м3 CNG на 100 километри, што е еквивалентно на 91 g/km емисија на CO2. ŠKODA направи голем чекор и претстави атрактивен модел од средината на класа кој ги исполнува строгите EU2020 стандарди за емисија на CO2.> Дизајн: експресивен, динамичен, емоционален
> Концепт: ŠKODA го развива своето прво купе со пет врати
> Кар