Скокнаа цените на горивата

Loading...

По краткиот период на раст, цената на суровата нафта на светските берзи повторно се намалува.Во текот на денешното тргување, американската „лесна“ нафта поевтини за 53 центи на 47,11 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ се продава за половина долар поевтино односно по цена од 49,4 американски долари.
За македонски услови овие цени значат ново поскапување, бидејќи во текот на претходните две недели, средната цена која ја одреди регулаторот изнесуваше 46,4 долари, а денешната е за околу 3 долари повисока.
Следната корекција е закажана за 5 септември и тогаш се очекува горивата да поскапат меѓу половина и два денари, во зависност од движењето на цените во текот на оваа недела.
Минатиот понеделник, регулаторот ја покачи цената за 2 денари за сите нафтени деривати.
Во моментов малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.Во текот на денешното тргување, американската „лесна“ нафта поевтини за 53 центи на 47,11 долари за барел, додека северноморската нафта

loading...