Скокотливи работи во сексот: Жените страстно ги посакуваат, но се плашат да признаат

Во креветот ништо не би смеело да биде табу тема, а посебно ако меѓу партнерите има доверба, почит и љубов. Сепак, постојат некои работи во сексот што жените ги сакаат, но се плашат или се срамат да им ги предложат на мажите.Време е тоа да се смени, па еве неколку совети како да разговарате за скокотливите теми, и на крајот да уживате во двострано задоволство.
Повеќе орален секс: Некои жени се многу критички  настроени кога се работи за нивната вагина, се грижат за изгледот, вкусот, мирисот, а тоа сосема ги кочи кога се работи за уживањето во оралниот секс. Како што и мажот сака да добива комплименти за изгледот, и жената сака да слушне пофалби за својот најинтимен дел од телото. Зборовите на партнерот, како на пример: „Многу ти е убава“ и „Многу убаво мириса“ ќе ја вратат самодовербата и ќе ја пробудат желбата што почесто да се ужива во оралниот секс. Масажата на внатрешната страна на бедрата пред сексот ќе и помогне на жената целосно да се опушти и да заборави на комплексите.
Секс во јавност: Сексот во јавност може да биде непрактичен, но и неверојатно возбудлив. За почеток можете да ја пробате само предиграта. На пример, галете се во ќошот на преполното кафуле, на задното седиште на автомобилот или на скалите пред зграда. Кога малку ќе се „извежбате“ и ослободите, побарајте некое поскриено јавно место и ризикувајте.

Плескање по газе: Нежното плескање по задникот во текот може да ги привлече припадничките на понежниот пол, но се плашат да го побарат тоа од единствена причина: Го сметаат тоа за смешно. Мажите пак, кога се работи за тоа се многу похрабри, а добар начин да дознаете дали вашата партнерка сака да ја плескате по газето е нежно да ја прашате додека ја милувате по него со раката.
Во оваа игра подеднакво можат да уживаат двата пола: жената има многу повеќе рецепторни клетки во вагиналната област што предизвикуваат морници, додека мажите тврдат дека плескањето по задникот на партнерката им буди чувство на самодоверба.Време е тоа да се смени, па еве неколку совети како да разговарате за скокотливите теми, и на крајот да уживате во двострано задоволство.

Пронајдете не на следниве мрежи: