Скопјанец и избегал на полицијата: Ја скршил рампата на граничниот премин „Долно Блаце“

Ноќеска во 00.35 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, на пасошка контрола се пријавило патничко возило „Ландровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (50) од Сингелиќ-Скопје.  При проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „Апси“.Од страна на полициски службеници, на лицето му било кажано да се паркира со возилото,  но тој со големена брзина се упатил кон Скопје без да застане на царинска контрола. Притоа, ја оштетил рампата, а  документите од возилото и личната карта ги оставил кај полицискиот службеник.
Во 02.10 часот, во шума во близина на гробиштата на место викано „Вражји вир“, било пронајдено паркирано возилото кое го управувал Н.А.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
 Од страна на полициски службеници, на лицето му било кажано да се паркира со возилото,  но тој со големена брзина се упатил кон Скопје без да

Пронајдете не на следниве мрежи: