Скопјанец крвнички се иживувал со семејството

Скопјанец во алхолизирана состојба синоќа крвнички се иживувал со семејството. Најпрвото физички ја нападнал сопругата, потоа негова жртва бил синот кој се обидувал да ги раздели.Синоќа околу 10,20 часот во ПС Кисела Вода, Ж.П. (50) пријавила семејно насилство.
Имено додека таа била во кујната од семејната куќа, нејзиниот сопруг Л.П. (57), кој бил во видно алкохолизирана состојба и со кој била во брако-разводна постапка, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел расекотини, црвенило и модринки.
Исто така и нивниот син Д.П. (22) обидувајќи се да ги раздели бил нападнат од неговиот татко кој го удирал со тупаници, го фатил за врат и почнал да го дави, нанесувајќи му видливи повреди.
За кратко време Л.П. повторно ја нападнал Ж.П. и при тоа ја искршил целата покуќнина од кујната и останатиот дел од куќата. Околу 12,30 часот од Ургентниот Центар во Скопје пријавено било дека Л.П. има убодна рана од остар предмет во пределот на грбот над бубрезите, односно констатирани му биле тешки телесни повреди (повреда на пршлен, прободена слезина и прободен бубрег).
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.Синоќа околу 10,20 часот во ПС Кисела Вода, Ж.П. (50) пријавила семејно насилство.
Имено додека таа била во кујната од семејната куќа, нејз

Пронајдете не на следниве мрежи: