Скопјанецот Берат Садик постигна гол за швајцарски Тун

Напаѓачот на швајцарски Тун, со македонско потекло, Берат Садик, постигна гол во швајцарскиот шампионат.Фудбалерот со македонско потекло веќе го забележа седмиот настап за екипата на Тун, а успеа два пати да ја затресе мрежата на противничките екипи, последниот погодок го постигна на вчерашниот натпревар против екипата на Арау во рамките од домашниот шампионат на Швајцарија, каде неговиот тим одигра 2-2 на домашен терен. Садик постигна убав погодок за домаќините кои сепак во последните моменти од мечот примија гол и победата им избега од пред раце.
26-годишниот Берат Садик е роден во Скопје, а со своите родители се преселиле во Финска на својата три годишна возраст.
Садик има богата интернационална кариера со многу успеси зад своето име.
Пред да дојде во швајцарски Тун, Садик настапувал за екипата на Хелсингин од Финска, каде на 39 натпревари успеал да забележи фантастичен скор од 20 погодоци, по што следи трансферот во швајцарски Тун оваа сезона.
Сепак, Садик е само уште еден фудбалер од низата талентирани фудбалери кои „пред рака и побегнаа на Македонија“, па така тој сега настапува за Финската национална репрезентација, каде забележа веќе 7 настапи, но сеуште нема постигнато погодок, претходно за младата селекција на Финска забележа осум настапи и еден погодок.Фудбалерот со македонско потекло веќе го забележа седмиот настап за екипата на Тун, а успеа два пати да ја затресе мре

Пронајдете не на следниве мрежи: