Скопјанецот Димитар Илиевски ќе управува со џиновски авион

Димитар Илиевски(28) од април ќе го пилотира авионот на Виз Ер.Авионот “ербас А 320″ на нискотарифниот авиопревозник “Виз ер” кој отвори база на скопскиот аеродром “Александар Велики”, од април наредната година ќе го пилотира 28-годишниот скопјанец Димитар Ивановски. Тој ќе биде најмладиот пилот на авион во флотата на унгарскиот авиопревозник.
Со Диме не можевме да се слушнеме бидејќи тој во моментов е во Франција каде се обучува на симулатор, но затоа, пак, информацијата за овој млад македонски пилот ни ја даде Предраг Чемерикиќ кој во јавноста е познат како вљубеник во авионите, а до пред три години беше прв човек на интернет-провајдерот “Он.нет”.
– Диме, исто како и јас, од мали нозе е на спортскиот аеродром “Стенковец” крај Скопје. Можам да речам дека Диме буквално е роден на аеродромот, бидејќи и татко му Ѓорѓи Ивановски, кој е познат параглајдерист, но и мајка му и брат му се позната фамилија авијатичари – ни раскажува Чемерикиќ.

 
Диме првите сознанија за висините ги добива во аероклубот “Скопје” од Скопје чии членови за обука го користат аеродромот Стенковец. Чемерикиќ вели дека тука од најмали нозе, од 5 години се почнува со воздухопловно моделарство, потоа на 15 години со падобранство, на 16 години со едриличарство и на крај со 18 години со моторно летање на авиончиња.
– Откако ги помина сите етапи, Диме за пилотскиот занает учеше во Бугарија и Словенија. Нам сите во клубот многу ни е мило што Диме од април ќе го вози ербасот на “Виз ер” – вели Чемерикиќ.
Инаку, Чемерикиќ и самиот е пилот, вози мал спортски авион и како што вели, буквално е секој ден на Стенковец и се дружи во височините со своето авионче, но само ако времето е убаво.- Кога има облаци авионот ми стои во хангарите на Стенковец, каде што има уште три-четири други авиончиња на мои колеги од аероклубот кој е расадник на пилоти кои пилотираат со авиони во Индонезија, Сингапур, африканските земји – истакнува Чемерикиќ.
Повеќе на ВечерАвионот “ербас А 320″ на нискотарифниот авиопревозник “Виз ер” кој отвори база на скопскиот ае

Пронајдете не на следниве мрежи: