Скопјани до 2018 година ќе добијат нова матична зграда за венчавки, библиотека и читална сместени во реконструираниот Офицерски дом на плоштадот Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска направи увид на градежните работи на новиот офицерски дом на плоштадот во Скопје во чија зграда ќе биде сместена новата матична служба за венчавки, хотелот од групацијата „Мериот“ како и мултинаменски простор, библиотека и читална.-Зградата сега ја гради приватен инвеститор кој што ќе ја намени за хотелот „Мериот“ со четири ѕвезди во еден дел, а во еден дел ќе биде деловен центар. Сепак уште кога државата оваа зграда ја стави на лицитација еден кат е предвидено да се отстапи на државата, тоа значи дека инвеститорот треба бесплатно да го изгради и бесплатно да и го отстапи на државата. Државата има две намени за тука, едната намена со околу 350 метри квадратни е изградба на современ простор за матична служба за венчавки. Вториот дел ќе биде мултуфункционална сала со примарна цел библиотека и читална, но поптреба читалната понекогаш ќе се користи за различни приеми или настани, вели Груевски.
Тој потенцираше дека она што е негативно во оваа работа е со незаконското укинување на дуповите, градоначалникот на Центар и советниците оневозможија да се изградат скалите за излез кон плоштадот кои што беа предвидени во планот.
-До декември инвеститорот планира зградата да се заврши, додека помеѓу декември и април да се заврши ентериерот внатре што значи согласно договорот откако ќе биде затворен просторот и ќе бидат ставени сите машински и електрични инсталации од април следната година државата ќе може да го уреди ентериерот, така што градот Скопје до 2018 година ќе добие целосно нова матична служба и ќе добие мултинаменски простор и читална за најмладите.-Зградата сега ја гради приватен инвеститор кој што ќе ја намени за хотелот „Мериот“ со четири ѕвезди во еден дел, а во еден дел ќе бид

Пронајдете не на следниве мрежи: