Скопјанка се породи во автомобил пред гинекологија

Помлада скопјанка се породи завчера околу пладне во автомобил и на само неколку метри од влезот на Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Трудницата успеала да стаса до пред Kлиниката со автомобил што го управувал, најверојатно, нејзиниот сопруг, но наместо во родилна сала, бебето не можело веќе да чека и се родило на задното седиште од автомобилот.– Веднаш притрчавме да помогнеме и со количка ги изнесовме и родилката и бебето кое само што беше родено и плачеше. Жената ја примија веднаш лекарите во приемното одделение за итни случаи, по што ја префрлија во родилна сала. Ова не е првпат, пред само две недели уште една трудница од Скопје се породила во такси-возило кое ја носело на породување – за Дневник велат вработените на Kлиниката.
Во родилната сала веднаш бил применет протоколот за породување во вакви случаи и биле преземени сите мерки за безбедност и на родилката и на бебето, кои како што дознавме, се во добра здравствена состојба. Таму била пресечена и папочната врвца.
На Kлиниката се раѓаат речиси 5.000 бебиња годишно.Официјални информации за случајот се` уште нема.Од оваа установа потврдија дека пациентката се породила пред Kлиниката, а дека тоа се случувало и порано.– Веднаш притрчавме да помогнеме и со количка ги изнесовме и родилката и бебето кое само што беше родено и плачеше. Жената ја примија веднаш

Пронајдете не на следниве мрежи: