Скопје има нова петочна шема: Спортување и забава во едно!

Расположени и насмеани лица, забава, дружење и играње баскет – вака би го опишале петочниот „афтер-ворк“, кој од сега ќе владее во Скопје.Очигледно дека трендот на дружење во ресторан или кафуле после работа во петок е минато, а на сцена доаѓа водењето на здрав живот и спортувањето, а секако забавата и расположението остануваат. Имено, од изминатиот петок центарот на збиднувања и водење на шема после последниот работен ден во неделата е Бизнис Баскет Турнирот, кој токму на 9-ти октомври за прв пат започна да се одржува во Македонија. Како и секаде во светот, така и македонските компании се грижат за своите вработени да водат здрав  начин на живот и да се дружат меѓу себе и надвор од зградата во која работат, а токму играњето на популарниот баскет, кој е совршениот спорт за дружење и спортување ги обедини едни од најдобрите компании во Скопје да започнат да се натпреваруваат и притоа да им овозможат на своите вработени забава надвор од канцелариските простори.
– Сите љубители на баскетот како маалски спорт кој сега добива уште поголемо значење со вмешувањето на бизнис компаниите ќе можат да се забавуваат и да уживаат во дружењето кое е загарантирано. Ваше е само да дојдете секој петок во спортско расположение и да бидете подготвени за дружење, забава и секако за партија баскет, велат од Бизнис Баскет Турнирот и додаваат турнирот дека ова е само почеток на една голема баскет приказна која што Форца и Општина Карпош ја започнаа со цел да поттикнат баскетот повторно да се врати во населбите, па и најмалите генерации па се до бизнис компаниите да уживаат во популарната игра која е совршена за водење на здрав начин на живот и стекнување на пријателства. Бизнис Баскет Турнирот ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година.
 
Во Форца Баскет центарот кој што се наоѓа во склоп на Гимназијата Орце Николов во Скопје, секој петок во термините меѓу 18:00 и 21:00 ќе се играат натпревари. На турнирот се натпреваруваат компаниите:  Капатал Банка, Уника, Геинг, Гим, Систина, ЈСП, Комак Медикал, Леорон, Мултимагнат, НЛБ Тутунска Банка, Општина Карпош и Роби Концепт. Воедно освен отворањето во петокот беше одиграно и првото коло.
Правилата се едноставни, играчите кои што се пријавени од сите екипи се аматери, односно не се регистрирани во првите 2 лиги во македонската кошарка во последните 2 години, а истите мораат да бидат вработени во компанијата. Со цел секоја екипа да има поголем број на играчи и секако дружењето да е поголемо, максималниот број на играчи дозволени за пријавување е 8 (3+5) кои можат неограничено да се менуваат во текот на натпреварот. Времетраењето на сетот е 15 минути или пак која екипа прва ќе постигне 16 поени. Победник на натпреварот е екипата која ќе биде подобра по 3 изиграни сетови од по 16 поени.
Системот на натпревари се состои од две фази, првата фаза подразбира играње на натпревари во класичен т.н. лига систем, односно секој со секого во двата дела, есенски и пролетен. Потоа првите 8 пласирани екипи по групи играат елеминациони натпревари во ¼ финале, ½ финале и финале помеѓу првите 4 екипи.
Сите резултати и изгледот на групите ќе биде објавуван на Facebook страница на „Бизнис Баскет Турнирот“, по завршувањето на секој натпревар.
Се гледаме секој петок на добра партија баскет, рекреација и многу дружење и забава.Очигледно дека трендот на дружење во ресторан или кафуле после работа во петок е минато, а на сцена доаѓа водењето на здрав живот и спортувањето, а

Пронајдете не на следниве мрежи: