Шест сообраќајки се регистрирани вчера во Скопје, при што е тешко повреден патник, а уште три лица се здобиле со полесни повреди. Во три сообраќајки е причинета материјална штета.Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот вчерашниот ден отстранети се 87 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.
Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, како и 17 кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставен сообраќаен знак.
Затекнати се и 58 непрописно паркирани возила и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар.
Во спортски центар „Јане Сандански“, вечер во 19 часот, во рамки на 6.коло од Евро-купот, ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ – Аеродром и Лиеткабелис. Со цел непречено и безбедно одвивање на натпреварот сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот вчерашниот ден отстранети се 87 возила кои во поголема мера го по