Родителите кои се залагаат за промена на Законот за задолжителна вакцинација би сакале да им се обратат на сите други родители во земјата и на одговорните институции во државата, во врска со прогласената епидемија на морбили во Скопје и следствено на тоа ширењето на страв и хистерично повикување на вакцинирање и потребата тоа да остане задолжително.Епидемија по дефиниција, по Британската енциклопедија е избивање на заразна болест која брзо се распространува, при што се зафатени неочекувано голем број на индивидуи во исто време и во ист регион.
Според тоа 25 случаи во 3 месеци, во 9 општини, од кои 8 случаи се во најголемиот град Скопје, на заразна болест која редовно се појавува секоја година во пролет во нашата држава, секако не одговара на дефиницијата на епидемија.
Во Програмата за задолжителна вакцинација, донесена од Владата на Р.Македонија во 2013 година, наведено е дека опфатот на вакцинацијата за мали сипаници е над 95%, а ревакцинацијата е со опфат од 98,4%.
Опфат на вакцинација од 95- 98%, според службената медицина значи колективен имунитет кој би ги заштитил невакцинираните. Зошто тие не се заштитени? Од две причини: прво, затоа што колективниот имунитет се стекнува само и единствено преку природно прележување на одредена болест (не и со вакцинирање), и второ, затоа што вакцините не се ефикасни и нашите деца залудно ги трујат, а следствено на тоа, нас не лажат. Оваа појава на морбили само ги потврдува наодите на еминентни светски имунолози и студии, дека заштитата која ни ја нуди вакцината трае од 2-10 год, и тоа само кај 20-50% од населението.
Планот на Центарот за јавно здравје да вакцинира деца под една година „Ако епидемијата земе поголем замав“ е надвор од сите медицински и етички норми, затоа што производителот има ограничено искуство со толку млада популација, односно наведува студија со само 147 од 300 деца на кои е испитувана ефикасноста и безбедноста на вакцината на таа возраст и таа е споредувана со група исто така вакцинирани деца (наведено во Збирниот извештај на вакцината против морбили, рубеола и заушки ).
Ние не сакаме нашите деца да бидат експериментални заморчиња во експеримент на вакцина за која државата плаќа скоро 13 милиони денари годишно (Програма за задолжителна вакцинација на населението во Р.М. за 2013 год.).
Исто така ги информираме родителите дека морбилите се лесна заразна болест кај децата која поминува со благи симптоми и е пожелно да се прележи во детска возраст како би се стекнал траен имунитет, кој потоа мајките ќе го пренесат на своите новороденчиња и ќе ги заштитат во нивниот најранлив период од животот. За тоа природата го дизајнирала природниот имунитет, да не штити нас и нашите најмили, додека вакцината не само што НЕ НЕ ЗАШТИТУВА, туку и создава трајно штета по здравјето на децата. Да наведеме само неколку несакани реакции кои може да се појават од оваа вакцина: инфекции на горен респираторен тракт, воспаление на средно уво, лимфаденопатија, фебрилни конвулзии, нервоза, несоница, бронхитис, кашлица, алергиски реакции, менингитис, тромбоцитопенија, енцефалитис, артралгија, артритис.
Производителот во истиот документ наведува дека “нема расположливи податоци за протективната ефикасност на вакцината„ но нам со Закон ни е наложено задолжително да ги вакцинираме децата со неа. Дали ова има логика? Таа логика, ние родителите не ја разбираме и се додека не ни биде соодветно објаснета ние нема да ги изложуваме децата на хемискo- биолошки напади од овој вид, без обѕир на сите заплашувања и прикривања на вистината.
Вашите податоци велат дека покриеноста на населението со вакцинација за вакцината BCG е 84%, а за хепатит Б 85%. Според ова и должите објаснување на македонската јавност зошто немате прогласено епидемија на туберкулоза или епидемија на заразени од хепатит Б? Да не споменуваме за евидентираните 39 заболени од Шарлах. Каде е тука ПРОГЛАСУВАЊЕТО на епидемија од Шарлах? Или НЕМА епидемија затоа што НЕМА вакцина?
За нарачаната епидемија од мали сипаници со две коцки мраз, бараме пред се МОРАЛНА, а после и друга одговорност од сите инволвирани надлежни институции и поединци.
За користењето на пропагандни техники на “проблем-реакција-решение„ својствени на еден тоталитарен режим, а не на едно демократско општество во државава, време е некој да понесе одговорност. Повеќе од очигледно е дека институциите на државава го имаат заборавено своето основното, свето правило: тие се тука во служба на своите граѓани! Колку да ги потсетиме споменатите: VOX POPULI ,VOX DEI – ГЛАСОТ НА НАРОДОТ Е ГЛАС ГОСПОДОВ!
Пратени се официјални дописи до меѓунардоните надлежни институции со барања за оценување на компетентноста, способноста и работењето на одредени македонски државни институции и поединци инволвирани во ваквото скандалозно објавување на епидемија на мали сипаници на пордрачјето на град Скопје.
Група родители за правото на избор за вакцинацијаЕпидемија по дефиниција, по Британската енциклопедија е избивање на заразна болест која брзо се распространува, при што се зафатени неочекувано гол