Скопје се гуши- надминат годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари

Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари. Овие ЕУ лимити денеска се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен во Миладиновци, општина Илинден, соопшти Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“. Во ЕУ дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во 24 часа просечно се 50 микрограми на метар кубен. Во ЕУ дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10 честички е 35 дена во една календарска година. Најмногу надминувања на 24-часовните гранични вредности за ПМ10 честичките, броено во календарски денови, заклучно до денеска се регистрирани кај Ректорат (УКИМ)-54, Лисиче со 47, Гази Баба 45, Карпош 42 и Центар 40 микрограми на метар кубен.
– Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија. Воздухот во Скопје не смее да се користи како канализација на тешката индустрија и градежната индустрија. Мерки како дводневен бесплатен превоз се премали за еден од најзагадените градови во светот, стои во соопштението од „Скопје Смог Аларм“.
Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ потсетува дека Германија планира да воведе целосно бесплатен јавен превоз во пет најзагадени градови. Кина ја ангажира армијата за да засади дрвја, најмногу во околината на главниот град Пекинг и привремено затвори голем број фабрики со цел да се намали загадувањето. Париз неколку пати воведе „Ден без автомобили“ во центарот на градот.
Светска Банка (2015) проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1.350 граѓани, додека Европската агенција за животна средина (2017) проценува дека годишно има до 3.000 смртни случаи заради аерозагадувањето. Тоа значи дека секоја година ни се случува еколошки геноцид, т.е. екоцид. Во ЕУ дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во 24 часа просечно се 50 микрограми на метар кубен. Во ЕУ дозволениот бр

Пронајдете не на следниве мрежи: