„Татами стрелачки мети и реквизити низ ходниците, цели мини терени на партерите пред молот. Скопје Сити Мол беше трансформиран во најголемата спортска сала во Македонија, со уникатна можност за посетителите да ги гледаат тренинзите на претставниците на спортовите, како и да поразговараат со дел од македонските легенди кои беа дел од настанот. Сите едногласно се согласија дека овој тип на презентација на македонскиот спорт пред македонските граѓани е навистина извонреден, пред се од аспект на запознавање на граѓаните со спортски дисциплини кои можеби и не ни знаеле дека се тренираат активно во Република Македонија.”Скопје Сити Мол во склоп на настанот „Sport City” организираше фантастична спортска промоција на сите активни спортски федерации во Република Македонија. Презентирани од јуниори, пионери, сениори и сениорски репрезентативци, но и од рекреативци и вљубеници во спортот, федерациите на дело покажаа што претставува нивниот спорт и преку презентација на истиот направија навистина уникатна атмосфера во најголемиот мол во Републиката.
Татами стрелачки мети и реквизити низ ходниците, цели мини терени и патека за трки на партерите пред молот. Скопје Сити Мол беше трансформиран во најголемата спортска сала во Македонија, со уникатна можност за посетителите да ги гледаат тренинзите на претставниците на спортовите, како и да поразговараат со дел од македонските легенди кои беа дел од настанот. Наташа Илиевска, Атанас Николовски, Дејан Недев, Лазар Леќиќ беа само дел од легендарните македонски спортисти кои со своето присуство дадоа поддршка на манифестацијата. Сите едногласно се согласија дека овој тип на презентација на македонскиот спорт пред македонските граѓани е навистина извонреден, пред се од аспект на запознавање на граѓаните со спортски дисциплини кои можеби и не ни знаеле дека се тренираат активно во Република Македонија.
Од 5-ти до 8-ми Јуни, Скопје Сити Мол ќе биде центарот на спортските случувања во Република Македонија. Со цел да се поттикнат граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт но и да се запознаат со спортови кои досега веројатно не ги сретнале, најголемиот мол во државата со одлична можност на граѓаните –да го одберат оној кој ним најмногу им се допаѓа и одговара, или едноставно да се запознаат со целокупната спортска историја на Република Македонија на едно место.
За деновите од викендот, се планирани специјални Предизвици за посетителите кои за нив ги подготви Крос Фит Скопје. Истите ќе бидат од натпреварувачки карактер, а победниците ќе добијат вредни награди за својот труд и спортска подготвеност. Како дополнителна забава, учесниците на овие предизвици ќе бидат фотографирани, а оние мускули со најмногу лајкови на социјалните мрежи ќе бидат прогласена за “Најмускули на Скопје Сити Мол”.
Продолжениот викенд во Градот на спорот во Скопје Сити Мол е уникатен начин да се слави спортот, но и да се оддаде внимание на сите спортски успеси во различни спортски дисциплини, кои Република Македонија несомнено ги поседува. Конечно, вреди да се напомене дека целокупниот настан ќе биде проследен со попусти во спортските продавници, како би се комплетирала трансформацијата на Скопје Сити Мол во едно комплетно ново спортско издание, различно од се што е досега видено во Македонија.Скопје Сити Мол во склоп на настанот „Sport City” организираше фантастична спортска промоција на сите активни спортски федерации в