Скопје трет најзагаден град во светот

Македонскиот главен град е на трето место во светот по аерозагадување, веднаш по главните градови на Бангладеш и Индија, покажуваат мерните станици.Изминатата ноќ во Скопје се дишеше екстремно загаден воздух.
Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места беа и 12 пати над дозволеното.
Согласно прописите, откако 2 дена прагот на честичките е над дозволеното, владата и министерството за здравство ги вратија на сила итните мерки.
Градот Скопје пак, меѓу другото, го врати бесплатниот градски превоз.

Сите работодавачи им се препорачува да ги ослободат од обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронични болести, лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, обезбедување на прифатилишта за бездомниците, како и налог до испекторатот за животна средина да врши зачестена контрола на терен со цел да се откријат дивите депонии.
Засега, мерките дадоа скромни ефекти. Единствената надеж на скопјани и понатаму е времето.
Од УХМР најавија дека посилен северен ветер може да се очекува дури во петок.Изминатата ноќ во Скопје се дишеше екстремно загаден воздух.
Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места беа и 12 пати над дозв

Пронајдете не на следниве мрежи: