Скопје втор најзагаден град во светот

Светот разбра и за Скопје, градот „гордо“ го држи високото второ место по загаденост на Земјата.Градовите во Бангладеш, Пакистан, Индија, Монголија, Кина…на листата се далеку зад главниот град на Република Македонија.

 Вчера во текот на вечерта загаденоста на воздухот кај ректоратот изнесувал рекордни 569 микрограми на метар кубен, во скопско Лисиче загаденоста изнесувала 484 микрограми на метар кубен, во Карпош пак загаденоста изнесувала 427 милиграми на метар кубен, а во Центар 426 микрограми на метар кубен.

А освен во Скопје овие денови и за време на изминатиот викенд загадени биле и повеќе градови од Македонија, а меѓу најалармантна беше состојбата во Тетово и Куманово.
Скопјани ги минуваат можеби најстрашните денови, последната недела има интензивна висока загаденост на воздухот, во најголем дел од скопските општини.
Овие денови, како и утрово мерните единици покажуваат застрашувачки параметри, доказ за тоа е и зголемениот број на интервенции на итната помош.
Се повеќе граѓани се жалат на проблеми со дишење, а тие велат и дека потребни се итни нови мерки.
И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов неодамна ги обвини граѓаните дека се виновни за загадениот воздух, но и посочи да не прават ријалити шоу од оваа тема, се уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите.
Едно е сигурно, доколку продолжи неодговорноста на надлежните, на Скопје ќе му биде загарантирано првото место на листата, лидер во светот по загаденост.Градовите во Бангладеш, Пакистан, Индија, Монголија, Кина…на листата се далеку зад главниот град на Република Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: