Град Скопје, од јануари 2016 година, стана официјален партнер на Microsoft Македонија и Certiadria во организација и спроведување на првиот национален натпревар Microsoft Office Specialist, во кој натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите.Со оглед на фактот дека право на учество во натпреварот имаат сите ученици и студенти на возраст од 13 до 22 години, Град Скопје одлучи да ги поддржи најдобрите 500 ученици од средните училишта кои се во негова надлежност, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјалниот Microsoft Office испит.
Со цел да се изберат најдобрите ученици, без разлика на нивниот социјален статус, Certiadria изврши квалификациско тестирање на сите заинтересирани средношколци. Со тестирањето беа опфатени 811 ученици, од кои 565 успешно ги положија квалификациските тестови.
Град Скопје и Certiadria отворија тестинг центри во пет средните училишта (СУГС„Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС„Никола Карев“, СУГС„Орце Николов“, СУГС„Георги Димитров“ и СУГС„Зеф Љуш Марку“) во кои оние 500 ученици, што освоија највисоки резултати на квалификациското тестирање, деновиве, го полагаат официјалниот Microsoft Office Specialist испит. Сите ученици кои ќе го положат официјалниот испит ќе се здобијат со сертификат кој ќе им биде од особена важност како при аплицирање за упис на факултет, така и при поднесување на апликација за вработување.
Полагањето на испитите заврши до 25 мај, по што најдобрите 30 ученици, оние што освоија најмногу поени на официјалниот испит, одат директно во финалето на националниот натпревар Microsoft Office Specialist, коешто ќе се одржи утре/ сабота, 28.05.2016 година/ во 10 часот, во просториите на Стопанска банка на Кејот 13 Ноември.
Победниците на националниот натпревар ќе имаат можност да учествуваат во Светскиот Натпревар Microsoft Office Specialist 2016, организиран од Certiport Inc., кој се одржува 13 години по ред, секогаш во САД. Оваа година истиот ќе се одржи во Орландо, Флорида во најпознатиот забавен парк во светот – Дизниленд, а во рамките на кој се тестираат вештините на учесниците во Microsoft Word, Excel® и PowerPoint® (2010 или 2013).
Професорите по информатика од средните училишта на Град Скопје, кои беа вклучени во реализацијата на натпреварот, добија пристап до мрежата на Microsoft Inovative Educator, што е мрежа на Микрософт во која ќе имаат пристап до голем број на бесплатни курсеви, како и можност за комуникација со голем број на професори од светот на информатиката. Исто така, професорите ќе имаат можност да полагаат MOS или MCE испит бесплатно. Овие испити кои се меѓународно признати и ќе бидат од особена важност за професорите, односно за нивното професионално портфолио.
Со оглед на фактот дека право на учество во натпреварот имаат сите ученици и студенти на возраст од 13 до 22 години, Град Скопје одлучи д