Шкотски јајца

Потребни состојки:
8 варени јајца
400гр. мелено месо
1 главица црвен кромид
1 чешне лук
сол, бибер и црвен пипер
400 гр.пире од компир
1 јајце
За панирање потребно е 1 јајце и чаша презла
Подготовка:
Месото помешајте го со исецканиот лук и додајте сол и бибер. Додадете ја оваа смеса во пирето кое сте го изматиле со едно јајце. Добро промешајте, а доколку ви е смесата ретка, додадете малку брашно. Сварените јајца обвиткајте ги во оваа смеса, а потоа во презлата. Ставете ги во фрижидер да стојат околу половина час за да се стегнат, а откога ќе ги извадите, пржете ги на загреано маслиново масло. Послужете со варен ориз и сос од домати.
Уживајте!Потребни состојки:
8 варени јајца

Пронајдете не на следниве мрежи: