Направете вкусно слатко од портокал Состојки:
100 г кора од портокал
150-200 г шеќер
вода
1-2 вода
Подготовка
Добро измијте ги портокалите и излупете ја кората на подолги парчиња.
Секое парче да биде со ширина околу 1см. Замотајте ја кората во облик на спирала и прицврстете ја со конец. Така нанижани, ставете ги корите во сад, прелијте ги со вода, додајте малку сода-бикарбона и ставете ги да стојат на собна температура 24 часа.
Следниот ден, префрлете ги корите во друг сад, прелијте ги со ладна вода, ставете ги на оган да провријат, па намалете ја температурата и оставете на тивко да се варат уште 15-ина минути. Исцедете ја водата и повторете ја постапката шест пати.
Во посебно тенџере ставете го шеќерот и прелијте со помала количина вода (колку да се прекрие шеќерот), ставете го на оган и оставете го да проврие. Отстранете ги конците од спиралите и додајте ги во шербетот. Оставете да се вари додека не ја добие потребната густина. Пред крај додајте две – три тркалца лимон и варете уште десетина минути. Готовото слатко прекријте го со влажна крпа и кога ќе се излади, соберете го во тегли.Состојки:
100 г кора од портокал
150-200 г шеќер
вода
1-2 вода
Подготовка
Добро измијте ги по