Кој ли ги измисли овие старлети? Во што ли се крие тајната на нивниот успешен живот? Од што ли живеат Станија, Ава, Сораја и редица други слични на нив?Називот старлета всушност потекнува од италијанскиот збор „starletta“ што во буквален превод значи ѕвездичка, односно актерка во филм или во театар која игра споредни улоги. Со овој назив денес се етикетираат сите оние кои себе си се прославиле преку некое реално шоу, домашно видео и слично.
Многумина ги поврзуваат со елитната проституција, во која се вклучени мноштво пејачки и актерки. Заинтересирани сте како тие навистина заработуваат? За појавување во некој ноќен клуб на некоја забава добиваат околу 200 евра, за една фотосесија добиваат од 300 до 700 евра, додека за појавување во музичко видео дури и преку 1 000 евра.
Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ од Србија вели додека спонзоруша има негативна конотација, старлета е само еуфемизам, што значи дека тие не еволуирале, туку само поинаку се нарекуваат.
Поимот старлета се однесува на девојка која пред медиумие ја разголува својата интима со цел да стане популарна, но и да заработи. За разлика од некогашните старлети на филмското платно или на штиците што живот значат, овие денес немаат никаков посебен талент.
Културологот Марија Вукадиновиќ вели дека старлетите буквално ги нудат интимните детали од нивните животи како „стока“ за продажба. Некогашните спонзоруши биле многу прецизно отсликување на духот на времето, па така за деншницата истото се и старлетите.
Старлетата е во врска со еден маж затоа што тој може да ја снабди со пари и слава, или пак да ја запознава со луѓе помоќни од него, меѓу кои таа би ја запознала својата следна „жртва“. Според д-р Миливојевиќ, ако една старлета е паметна, таа ќе се омажи со посакуваниот ќовек до 35тата година, но доколку е глупава, ќе заврши во вртлогот на дрогата и проституцијата.Називот старлета всушност потекнува од италијанскиот збор „starletta“ што во буквален превод значи ѕвездичка, односно актерка во филм и