Следете онлајн каде најмногу грми во Македонија!

Во реонот на Струга, Охрид, како и во струмичкиот регион во близина кон границата со Бугарија има нестабилно време проследено со грмотевици и обилни врнежи, додека во другите делови од земјава невремето полека одминува.Облакот над скопската котлина се задржа околу два часа, при што, според податоците од УХМР, наврнале седум литри на метар квадратен.
Според Управата, најмногу дожд во изминатите 12 часа наврнало во Крива Паланка, каде се измерени 45 литри на метар квадратен. Во Виница наврнале 14, во Пожар 13, во Скопје-Петровец 7 и во Тетово и Пожаране шест литри на метар квадратен. Во Битола наврнале пет, во Скопје-Зајчев Рид четири, во Лазарополе два и во Демир Капија и Ѓуриште по еден литар на метар квадратен.
Според податоците од метеоролошките станици нестабилно време проследено со дожд и грмотевици има и во реонот на Гевгелија, како и во планинските подрачја на западна Македонија и над Беласица. Врнежите, проследени со грмотевици ќе продолжат и во текот на ноќта и тоа најмногу во северните и источните делови од земјава.
На интеркативната мапа „Lightning and Thunderstorms“ може во живо да се следат состојбите на теренот, односно местата каде има атмосферски електрични празнења. Според мапата, невремето вечерва се движи и кон реонот на Кичево, како и кон Дебар.
Попладнево од невреме беа зафатени претежно источниот дел од Скопската котлина, како и деловиод општините Росоман и Градско, и северозападно од Радовиш.
Според најавите и утре во земјава ќе имаме променливо време, со пониски температури, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде значително облачно, доста посвежо и ветровито со засилен северен ветер. Ќе има услови и за повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.Облакот над скопската котлина се задржа околу два часа, при што, според податоците од УХМР, наврнале седум литри на метар квадратен.
Според

Пронајдете не на следниве мрежи: