Слободната волја производ на електрична активност и „позадински електричен шум” во мозокот?

Во мозокот постои таканаречен „позадински (основен) шум“, кој се создава како резултат на флуктуацијата на електричните мозочни активности (активности на мозочните клетки).Концептот дека луѓето имаат слободна волја, можеби не е вистински, туку таа слободна волја е производ на овој позадински шум.
Според некои теории, нашето убедување дека правиме избор врз основа на нашата слободна волја не е ништо повеќе од илузија.
Научниците од Center for Mind and Brain at the University of California, Davis, нашле дека „слободната волја” не е слободна, туку е резултат на електричната активност на мозокот.
Тврдење кое е слично со тврдењето на физичарите и астрофизичарите (го дискутиравме пред неколку дена), а кое Стивен Хокинг го изнесува во дискусијата за создавањето на универзумот, за Бог, и немањето потреба од негово постоење за да постои почеток на создавањето, во „Did God Create the Universe”).Во експериментов, регистрирајќи ја електричната активност на мозокот (background noise), научниците од Center for Mind and Brain at the University of California, Davis, успеале да предвидат каква одлука ќе донесе поединецот, пред самиот тој да знае дека ќе треба да одлучува.
Иако нашите намери, желби и цели, влијаат врз одлуките што ги донесуваме, „слободната волја на одлучување” во голема мера е под влијание на електричните активности во мозокот врз кои немаме контрола, т.е. background noise или позадинскиот (базичниот) шум.
 

Post by Gorazd Rosoklija.
Концептот дека луѓето имаат слободна волја, можеби не е вистински, туку таа слободна волја е производ на овој позадински шум.
Според некои

Пронајдете не на следниве мрежи: