Слон плачеше по спасувањето од 50-годишното ропство!

Слонот по име Радџу бил малтретиран, тепан и изгладнуван откако како бебе бил однесен во дивина. Бил во сопственост на Индиец кој го терак да јаде хартија и пластика.
А ланците и шилците кои со години биле врзани околу неговите нозе му предизвикувале хронична болка и артритис. 
По 50 години ропство, Радџу е ослободен во ризична мисија на организацијата за спасување животни која со судски налог дошла да го одземе од неговиот сопственик. 
Организацијата „Wildlife SOS UK” од Велика Британија се занимава со спасување и грижа за животните во Индија. А ноќта помеѓу 3-4 јули го спасиле и слонот. 
Сопственикот секако се обидел да ги запре па слонот дополнително го врзал и ги повикал пријателите да им го блокираат патот. 

 

Но, на крај се откажал и ги оставил да го одведат.
Волонтерите со часови се обиделе да ја придобијат довербата на слонот, давајќи му храна. 
Кога го спасиле, кажале дека виделе солзи како течат на неговото лице.
„Тимот беше во шок, кога виделе дека солзи се слеваат на неговото лице во текот на спасувањето. Било неверојатно емотивно за сите нас. Знаевме дека тој сфати дека всушност само што го спасивме. Слоновите се многу интелигентни животни за кои е докажано дека имаат способност да чувствуваат тага, па можеме само да замислиле како преживеал половина век.“ велат од организацијата за „Independent”.

 

Исто така сопственикот се обидел да му нареди на Радџу да ги нападне. 
„Ние одбивме да се повлечеме и тогаш солзи се појавија на лицето на слонот. Нема сомневање дека тој трпел огромна болка, но солзите беа знак дека знае дека доаѓа промена во неговиот живот“
По два дена возење слонот конечно стигнал во градот Матхуру каде внимателно му се отстранети ланците и слободно можел да оди. Полека се враќа во нормална тежина и му се лечат раните. 
Радџу е еден од многуте слонови на кои им е убиена мајката и се украдени додека се мали. 
 
Бил во сопственост на Индиец кој го терак да јаде хартија и пластика.
А ланците и шилците кои со години биле врзани околу неговите

Пронајдете не на следниве мрежи: