Словенците ги поразија нашите ракометари: Крај за надежите за Олимписките игри во Рио

Македонија доживеа пораз во осминафиналето на Мундијалот во Катар од Словенија so 30:28 што воедно значеше крај за надежите за Олимписките игри во Рио.Македонија го заврши својот настап на Светското првенство во Катар со пораз од Словенија од 30:28 во осминафиналето. Словенците ни го срушија сонот за пласман во четвртфиналето и Олимписките игри во Рио.
Токму тоа беше и целта на оваа генерација, да се освои едно место кое носи пласман на олимпискиот квалификациски турнир. По мечот со Словенија и поразот од два гола разлика, овој сон е срушен.
Нашите ракометари го направија противничкиот голман Шкоф играч на натпреварот кој само во последните пет минути имаше пет успешни интервенции.
Во поголемиот дел од натпреварот Македонија бркаше негатива, на моменти Словеците имаа и четири голови предност, нашите момци ја намалуваа негативата, но никако не успеаја да го контролираат мечот.
Во нашиот табор најефикасни беа Лазаров и Георгиевски со по седум погодоци, додека Манасков и Стоилов запишаа по пет. Најефикасен на мечот беше Словенецот Гајиќ со девет погодоци.Македонија го заврши својот настап на Светското првенство во Катар со пораз од Словенија од 30:28 во осминафиналето. Словенците ни го срушија сонот

Пронајдете не на следниве мрежи: