Синоќа во просториите на Универзитетот за Аудио Визуелни уметности – ЕСРА во Скопје , од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на Словенечкиот Академек и надворешен член на МАНУ Адраж Чарни му беше врачено признанието Клучевите на Преспа за неговиот допринос во промоција на Преспа на научен план за неговото дело поврзано со шумските растенија во националниот Парк Галичица.Ми преставува особена чест што ја примам оваа награда која ми е особено мила бидејќи од 1996 година континуирано го проучуваме шумското богатство на овие простори , и ако ова наше дело допринело во промоција на природните наследства на Преспа нас тоа ни преставува додатно задоволство.- истакна словеначкиот академик Андраж Чарни.
Задоволството да се врачи едно вакво признание е особено инспирирано од фактот што добитникот веќе подолго време на назад работи на исклучително значајни ботанички истражувања во Преспа , што од своја страна значи и исклучителна промоција на овој регион , но и на република Македонија- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко стрезовски .
Инаку наградата Клучевите наПпреспа веќе втора година се доделува за време на отворањето на интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа кој се одржува во месец јули секоја година , а доделувањето на наградата на словенечкиот академик беше реализирано вчера заради неговото отсуство за време на годинашниот фестивал . Покрај академик Чарни , во изминативе две години добитници на ова признание се и академиците Вера Битракова и Владо матевски , како и францускиот биолог Касавиер Боне.
Овааманифестација беше искористена и за доделување на општинското признание за меѓународниот Театарски Фестивал Актер на Европа за придонес кон промоција на културните вредности на Општина Ресен.Ми преставува особена чест што ја примам оваа награда која ми е особено мила