Случајот „Шпион“ го откри најголемиот страв на СДСМ

Одбраната на деветнаесеттемина лица осудени во прв степен за случајот „Шпион“ неколку месеци се потепа, буквално ни ги отече сите можни сетила преку секојдневните медиумски кукумљавски плачки, дека случајот мора итно да биде преземен од страна на СЈО, бидејќи, како што плачеа тие, „во ова „тефтер“ македонско судство и јавно обвинителство не веруваат“.Единствено во што верувале биле специјалните јавни обвинители. И како по обичај, желбата им беше исполнета, предметот му беше уредно предаден на СЈО. И од тогаш, па се до денот кога стигна официјалниот одговор од СЈО за предметот, работите одеа како што посакуваше одбраната. СЈО доби доволно време за да го преиспита обвинението на редовното јавно обвинителство за организиран криминал врз чии што докази, нели, беше срочена и осудителната судска пресуда, имаше доволно време да ги прочита жалбените наоди поднесени од одбраната, и да се произнесе по случајот.
Вистината е како шило. Старите велат, вистината буши и таму каде што дури и најхистеричните сдсмовски мегафонски бургии не можат да стигнат со бушење. Иако, пустиве, се отепаа од вложување труд. Труд, труд, буши, бургијај, врти, сучи, раце им отекоа, нозе им набабрија, очи им поцрвенеа, мозок им се запали, ништо. Толку од хистеријата. Не може повеќе. Плафон.
Вистината, на крајот, ќе си дојде по своето.
Иронијата на вистината во случајов „Шпион“ е голема. СЈО, и покрај помпезните и надувани очекувања од страна на одбраната на осудените, но уште повеќе од страна на опозицијата во земјата, побара од Апелацискиот суд намалување на казните без какво било оспорување на веродостојноста на доказите за сторените дела за кои првостепениот суд има донесено осудителна пресуда. Тоа и практично значи големо јавно признание од страна на СЈО дека обвинението на редовното јавно обвинителство за организиран криминал е засновано на цврсти и непобитни докази, дека е целосно правно издржано, и дека токму обвинението од обвинителството било од голема полза за судот да можел да донесе законита и целосно со докази поткрепена осудителна пресуда.
На јавната расправа што се одржа во Апелацискиот суд, всушност, СЈО во ниту еден момент не ги оспори битијата на сторените тешки казниви дела. Не оспори дека некој од тие 19 лица е осуден без докази. Не оспори ниту еден доказ во случајот. Од официјалното барање доставено од СЈО до Апелација се гледа дека и за СЈО се неоспорни и издржани доказите за сторените тешки кривични дела против државата, како што е шпионажа, злосторничко здружување заради продавање тајни и доверливи информации на странски разузнавачки служби, како и вршење уцена со разни материјали на познати лица од бизнисот и од општествениот живот во земјата.
СЈО не оспори ниту една од квалификациите на делата врз основа на кои Kривичниот суд во прв степен донесе осудителна пресуда и на законит и праведен начин им пресуди на сега веќе осудените лица. Паднаа во вода „тефтер“ обвинувањата на СДСМ дека Судот е партиски, дека работи по партиски налог, дека не е независен и самостоен како што налагаат принципите содржани во „неполитичкиот и непристрасниот“ извештај на Прибе, и што се не. Паднаа маските, се разоткрија неколкугодишните сдсмовски манипулации околу тезите за партиското судство и јавно обвинителство.
Илјадниците обвинувања од страна на СДСМ упатени против работата на македонските судии и редовните јавни обвинители се демаскираа со еден, единствен случај. А ќе има уште многу вакви. Вистината е бавна, некогаш се крие, знае да се заборави на момент зад некој ќош, ама на крајот, секогаш доаѓа. Веројатно тајмингот на нејзиното доаѓање требаше да се поклопи со расплетот на сторијата што СДСМ ја крие од јавноста како што змијата ги крие нозете. Вистината за случајот „Шпион“ треба да го отвори комплетниот мозаик на предмети што директно или индиректно произлегуваат или се поврзани со „Шпион“, случајот „Пуч“, и „Фабриката за афери“.
Случајот „Шпион“ ја навестува и комплетната судска разрешница на двата наведени случаја. Токму тука лежи најголемата болка на СДСМ. Болката позната како партиска шпионска депонија, која заради позамашниот габарит, се заканува да прерасне во вистинска државна депонија чии што корени датираат уште од случајот „Големото уво“. Чекајте да видите колку и какви „крокодили“ се кријат во сдсмовските шпионски одаи. Kакви се кодошлаци, шпионажи, велепредавства, саботажи, диверзии и слични антидржавни дела, дејствија и акции едвај чекаат да видат бел ден, да излезат од добро маскираните глувчешки дупки на партиското дувло. Kакви ли се дејствија и активности ќе се дознаат дека правела добро инфилтрираната во системот група со цел сериозно загрозување на уставниот поредок на земјата, сериозно насилство спрема претставниците на највисоките државни органи, рушење на безбедносните и сигурносните темели на државата. Kакви се државни и службени тајни се провлекувале низ тајните партиско-политичко-подземни канали на државата и завршувале во туѓи разузнавачки служби заради нечие лично богатење, но и заради интересите на туѓи држави и нивните разузнавачки служби.
Случајот „Шпион“, заради вистината и нејзиното шило, го активира во вистински момент процесот на отворање на Пандорината кутија, која во нашиот случај е посоодветно да се нарече Пандорина кодошка кутија, од која СДСМ има најголем уплав. Паничен страв. Посебно сега, пред избори. Стравот, како ќе проаѓа времето, и како ќе наближуваат изборите, ќе преминува во масовна партиска хистерија која ќе треба да биде неутрализирана со нервозното постапување на СЈО.
Времето, но и големиот ангажман и работа на македонските правосудни органи, ќе треба да ја разоткријат целата вистина, од една страна, но и целата медиумска и политичка манипулација со која СДСМ ја труе јавноста последните десетина години.
Ќе се разоткрие зошто само СДСМ има голем уплав од македонското редовно јавно обвинителство, и од македонското редовно судство. Зошто оваа партија, години со ред, во секоја можна прилика, во секоја можна ситуација, без тронка морал и усул, ги обвинува официјалните македонски органи дека не се професионални и дека не работат самостојно согласно начелата прифатени во фелата. Ќе се открие зошто токму на СДСМ му е ноќна мора редовното обвинителство и редовното судство, и зошто само и единствено СДСМ инсистира да се внесат специјални елементи во овие структури. Набрзо ќе откриеме од каде е потребата за толкава доза на хистерија и медиумско насилство и тревога што партијата секојдневно ги практикува. Многу брзо ќе се открие вистинската причина зошто СДСМ има потреба да го гази кредибилитетот на луѓето што работат во правосудните државни органи, и каква се конкретна болка крие СДСМ зад таа режирана хистерија. Ќе се види позадината на целава лажна еуфорија. Ќе се види кој заб најмногу го боли СДСМ. Ќе бидат симнати гаќите на многу високи СДСМ-овски функционери. Многу интересни детали ќе излезат на површина. Многу видлива нервоза и нетрпеливост ќе проструи во СЈО, но и во партискиот штаб на СДСМ.
Вистината е како шило, бургија под силен напон тогаш кога сдсмовските сејачи на националната хистерија најмалку ја очекуваат. И кога реално најмногу боли…
Пишува: Тања Каркамишева-ЈовановскаЕдинствено во што верувале биле специјалните јавни обвинители. И како по обичај, желбата им беше исполнета, предметот му беше уредно предаден на СЈ

Пронајдете не на следниве мрежи: