Гете тврдел дека музиката нуди чиста радост и конкретна корист. Тој во еден од своите романи ќе запише: „Пеењето е прв степен на образование. Сѐ останато се надоврзува на него и низ него се соопштува. Наједноставното уживање, како и најпростата наука се оживува и се обликува низ пеење. Дури и она што го пренесуваме од нашата вера и обичаите на поколенијата се кажува со пеење… Заради тоа, од сѐ што може да се замисли, ја избравме музиката како елемент на нашето воспитување.“Композиторот Лудвиг ван Бетовен музиката ја нарекол „најголемото откритие“, поголемо од сите мудрости на филозофијата. Таа, според него го чини човекот поплеменит и среќен и во него развива љубов не само спрема она што е убаво, туку и спрема заедницата воопшто.
Музиката ги обединува децата, ги поврзува меѓусебно, особено зближувајќи ги со личноста преку која тие дознаваат за неа. Музиката во детскиот живот внесува радост, опуштеност и воодушевување. Со своите звуци и вибрации музиката го збогатува емоционалниот живот на детето и го оплеменува. Преку разновидни музички дејности ќе влијаеме врз развојот на диспозициите за музика и во истовреме да ги развиваме целокупните интереси кај детето. Токму поради тоа Националната установа – Универзитетска библотека „Св.Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот „ Слушај музика и биди среќен“, поддржан од министерството за култура на Република Македонија.
Првата фаза од проектот започна да се реализира денеска на ден 16.05.2016 (понеделник) со почеток во 11 часот во музичкото катче во просториие на Библиотеката. Во првата фаза на проектот се предвидени да се одржат работилници со професорката Марина Коруновска од средното музичкото училиште од Битола и ученици од основото училиште „Стив Наумов“ – Битола. Во втората фаза на проектот ќе бидат вклучени и учениците од останатите основни училишта во Битола.
Со промовирањето на катчето за музикалии ќе влијаеме на развојот на децата од најмала возраст од периодот на доенче, на мало и предучилишно дете, од големо значање е создавањето на нивниот интерес за музиката Во рамки на проектот децата ќе слушаат музика од различни хип-хоп, хеви метал, готик, панк, техно, хардхаус, поп, џез или класична музика, македонска изворна и современа музика и музика од различните заедници во Македонија.Композиторот Лудвиг ван Бетовен музиката ја нарекол „најголемото откритие“, поголемо од сите мудрости на филозофијата. Таа, според него