Смели, женствени или конзервативни?…Откријте што должината и обликот на ноктите зборува за вас!

Како што облеката умее доста да ни каже за карактерот на некои личности исто така и обликот на должината на ноктите може да ни го приближи сензибилитетот на некои личности!Која е  првата работа која ја забележувате на некоја личност? Ноктите? Веруваме дека е тоа, особено доколку носите некој впечатлив тренди маникир. Во продолжение прочитајте што може да кажат за вашиот карактер обликот и должината на ноктите.
Кратки нокти
Жените кои  ги обликуваат ноктите со кратка должина спаѓаат во конзервативни но и класа луѓе кои имаат доста аналитички дух. Со оглед на тоа што краткиот стил бара интензивна нега и сечење, овој тренд исто така покажува и дека личноста е доста посветена во тоа што го прави и дека е горда личност на која можете да и се потпрете во секое време. На кратките нокти совршени одат сите бои, како и мат или сјаен лак. Она што треба да го избегнувате е да правите френч или некои екстремен маникир.
Долги нокти
Овие жени се сметаат за доста женствени или барем сакаат така да ги доживувате, како исклучително женствени, негувани и убави. Исто така треба да имате на ум и дека жените кои носат долди нокти не работат многу по дома па и на работа и освен пишување на тастатурата тие и немаат хоби кое бара некој физички напор. Доколку сакате долгите нокти да ви изгледаат уште поубаво тогаш користете лак со пријатни нежни бои. Ова ќе ви пружи еден секси но и женствен изглед.

Четвртасти, средна должина + безбоен лак
Иако ретки се жените кои не ги лакираат ноктите, одреден број од нив практикуваат да користат само безбоен лак. Доколку спаѓате во оваа група на жени, тогаш дефинитивно сте дама која ја цени природната убавина и која исто така и минимално се шминка. Ваквите нокти сепак бараат најдобар можен изглед кој мора да изгледа здраво и негувано.
Налакирани нокти
Жените кои постојано ги менуваат лаковите и одреден маникир се креативци кои се во текот со модата. Носењето на различни нијанси кај овие личности покажува голема самодоверба, како и желба да бидат забележани. Оние кои бираат темни нијанси како чоколадо, бордо или темно зелени се личности со отмен, префинет стил додека пак личностите кои бираат светли и пастелни нијанси се романтични по природа и оптимисти.
Доколку постојано ги грицкате ноктите
Личностите кои имаат лоша навика да ги грицкаат ноктите се нервозни и знаат да изреагираат многу импулсивно и проблематично. Доколку сакате да ги сочувате вашите нокти тогаш крајно време е да престанете да ги грицкате.
Четвртасти нокти
Ваквиот облик на нокти е карактеристичен за смелите личности кои сакаат да експериментираат и да испробуваат различни работи. Личностите кои имаат четвртаст облик на ноктите се доста софистицирани, модерни и имаат одличен вкус не само за мода туку и за музика, филм… Доколку имате отри ивици и немате облик според некои истражувања тие личности поседуваат скриена машка страна. Која е  првата работа која ја забележувате на некоја личност? Ноктите? Веруваме дека е тоа, особено доколку носите некој впечатлив тренди мани

Пронајдете не на следниве мрежи: