Смешни изговори на пијаните возачи

Бидејќи во овој период од годината се јаде и се пие прекумерно добро е да се потсетиме на најсмешните изговори на пијаните возачи.-Испив само една чашка. Вие би сакале да ми земете крв. Тоа што го покажува апаратот е од минатата ноќ, тогаш бев пијан, сега не сум. Од утринава пијам само сок, е само еден од изговорите на пијаните возачи.
Еден возач кога го застанла сообраќајна полиција бидејќи не користел безбедносен појас, се колнеше дека лекарот го советувал да не се врзува поради проблеми со срцето и плуќата.
Возачите за недозволената количина алкохол се правдаат дека тој ден јаделе сливи, грозје, јаболко или некое друго овошје или јаделе бомбони со рум. Има и такви кои се обидуваат да го убедат сообраќаецот дека „дрегерот“ не им е исправен и дека мора да го однесат на поправка, а не се малубројни и таквите кои упорно тврдат дека не се пијани и дека не направиле  никаков прекршок.
Една многу пијана девојка во зорите кога ја застанале сообраќајци, додека нејзината другарка спиела на седиштето на совозачот, изјавила дека нема поим чиј автомобил вози и како се нашла зад воланот. Во меѓувреме нејзиниот татко потврди дека го возела семејниот автомобил.
 -Испив само една чашка. Вие би сакале да ми земете крв. Тоа што го покажува апаратот е од минатата ноќ, тогаш бев пијан, сега не сум. Од утринава п

Пронајдете не на следниве мрежи: