Два месеци сметководствено биро од Тетово нема добиено надомест за субвенционирано вработување на лица од социјален ризик од Министерството за труд и социјална политика.Тоа значи дека откако техничкиот министер Фросина Ременски е на чело на Министерството за труд и социјална политика, исплатата на субвенции за работодавачите кои ја користат мерката за субвенционирано вработување е закочено.
Таков пример е работодавачот Ленче Богоеска, која е сопственичка на сметководствено биро која во својата фирма има вработено едно лице преку проектот на Агенцијата за вработување и вели дека од свои средства исплатила плати за месеците ноември и декември.
-И пред нова година, плата за 12 месец на работникот е исплатена но со парични средства на фирмата. Без разлика дали со позајмица или некако се снајдов. Средствата се подмирени од моја страна, но субвенционирањето за двата месеци, ноември и декември немам добиено, вели Богоеска.
Таа апелира за поскоро надминување на проблемот.
-Труд и социјала некако да најде начин. Да беше фирмава во добра финансиска состојба јас немаше да вработам лице со субвенционирање, додава таа.
На фирмата и се неопходни средствата преку проектот за субвенционирано вработување за да може и понатаму да функционира, бидејќи фирмата се наоѓа во тешка финансиска состојба.Тоа значи дека откако техничкиот министер Фросина Ременски е на чело на Министерството за труд и социјална политика, исплатата на субвенции за рабо