Ивана Ракоњац (28) , директорка во Туристичката организација Пријепоље и Сафет Планиќ (48), советник за маркетинг во истата организација починаа рано наутро кога слетале со џипот во Златарското езеро кај Нова Варош.Третиот патник во автомобилот Горан Цмијановиќ (54), сопственик на приватната туристичка организација „Сан Турс“, успеал да исплива и безбедно да дојде до брегот.
Тројцата туристички работници патувале на работен состанок во Ужице. До несреќата дошло кога џипот при престигнување на друго возило ја изгубил контролата и потоа ја пробил металната ограда на спротивната страна и низ стрмнина долга околу 20-ина метри слетал во езерото. Несреќата се случила на петиот километар од патот Нова Варош – Ужице, недалеку од местото наречено Албанска чешма. За последните 30 години на овој дел од магистралата во Златарското езеро настрадале околу 20-ина возачи и патници.
„Се спуштивме низ стрмнината и му дофрливме јаже на мажот кој пливаше кон брегот. Веднаш повикавме полиција, а набрзо пристигна и возило на итна медицинска помош. Возев зад џипот кој како и јас се движеше околу 40 километри на час“, вели очевидецот Радомир Недиќ.
Како што неофицијално се дознава сопственик на џипот е токму Сфет Планиќ. Според зборовите на очевидците, откако удрил во брегот џипот прво се превртел на кров и потоа повторно застанал на тркала и потоа ја пробил металната ограда на спротивната страна од патот. Преживеаниот Горан Цмиљановиќ се здобил со полесни повреди, а откако бил прегледан во Домот на здравје во Нова Варош упатен е во Приепоље на понатамошно лечење.
„Седев на совозачкото место, а Ивана на задното седиште. Додека летавме низ стрмнината успеав да го одврзам појасот, а испливав дури откако автомобилот се наполни со вода. Продираше со голема брзина низ скршените прозори а мислев дека ми нема спас бидејќи нивото на водата во возилото беше над главата. За среќа, по неколку обиди успеав да ја отворам вратата. Додека летавме низ стрмнината слушав повици за помош, а потоа само молк“, вели преживеаниот Горан Цмиљановиќ.
Златарското езеро овде е длабоко околу 30 метри, а на местото на несреќата плута голема дамка од масло и бензин од потонатото возило. Истражните органи се уште не ги соопштиле причините за несреќата.
„Телата на двајцата настрадани патници се уште се во езерото. Од Белград тргнале нуркачи кои треба да ги извлечат телата“, изјавил Петко Пуцаревиќ, државен обвинител од ПријепољеТретиот патник во автомобилот Горан Цмијановиќ (54), сопственик на приватната туристичка организација „Сан Турс“, успеал да исплива и б