Смртоносен дожд во Кина

Дваесетина лица го загубија животот во јужниот дел на Кина, а едно лице се води како исчезнато поради поројниот дожт кој што го зафати овој дел од земјата. Речиси 3,47 милиони Кинези се загрозени од врнежите кои траат веќе една недела. Најмногу е погоден реонот Гуанси-Жуан, и провинциите Хунан и Гуејжоу. Во тие делови врнежите достигнуваат и до 200 милиметри. Речиси повеќе од 5000 домови се срушени, а над 26000 се оштетени. 29,000 хектари земјоделско земјиште е уништено, а штетите се проценуваат над 290 милиони долари. Властите допринесоа со помош преку облека, шатори и други потребни производи во најзагрозените реони.
Извор Пресс24Дваесетина лица го загубија животот во јужниот дел на Кина, а едно лице се води како исчезнато поради поројниот дожт к

Пронајдете не на следниве мрежи: