Снежното невреме кое синоќа ја зафати американската сојузна држава Џорџија, веројатно изнервира илјадници возачи кои заглавија во снегот, но на една личност ѝ го спаси животот.Кели Р. Гисендејнер (46), е осудена на смрт поради убиство на нејзиниот сопруг Даг Гисендејнер, а смртната казна требаше синоќа да биде извршена.
Смртоносната инјекција веќе била подготвена, но спасот во последен момент пристигнал во облик на снежно невреме и целиот процес беше одложен за понеделник. Со тоа, на Кели и на нејзините адвокати им останаа четири дена да пронајдат начин како да го избегнат извршувањето на смртната казна. Инаку, ова би било прво егзекутирање на жена во Џорџија по цели 70 години.
Од затворот не навеле дали таа се почестила со последниот оброк кој содржел преку 4.200 калории. (Види ЛИНК)
Инаку, Кели уште во 1998 година е осудена за убиство на нејзиниот сопруг и таа уште од почетокот на процесот тврди дека не го убила.
На самиот крај и судот утврди дека таа не го извршила убиството, но испаднало дека го наговорила тогашното момче Грегори Овен да му пресуди на несреќниот Даг.
Она што е интересно е дека Овен добил доживотна казна затвор, додека таа била осудена на смрт.Кели Р. Гисендејнер (46), е осудена на смрт поради убиство на нејзиниот сопруг Даг Гисендејнер, а смртната казна требаше синоќа да биде извршена.