Снегот блокира повеќе патишта, десетина села се отсечени

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, неколку патишта во околината на Скопје како и во другите делови на Македонија се целосно непроодни поради врнежите од снег.Во општина Кисела Вода, патните правци од Марков Манастир до селата Црн Врв и Патишка Река, не се проодни за сообраќај за сите видови возила, како и во општина Зелениково, патните правци од станицата Зелениково до селата Добрино и Дејковец.
Во општина Чучер Сандево, патниот правец кон селата Брест, Малино и Танушевци е непрооден и истите во моментот немаат ниту електрична енергија.
Што се однесува до патиштата во останатиот дел од земјава, состојбата е следна, јавува Макфакс:
Прилепски регионВо општина Крушево, регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е прооден.
Гевгелиски регионВо општина Валандово локалниот пат Чалакли – Башибос не е прооден.
Струшки регионВо општина Струга, непрооден е патниот правец што ги поврзува селата во Малесија осносно патниот правец од с.Присовјани до хидрецентралата Глобочица и патниот правец с.Бороец – с.Јабланица.
Велешки регионНа подрачјето на општина Чашка, сообраќајот се одвива отежнато со користење на зимска опрема, освен локалниот пат с.Богомила – с.Нежилово – с.Ореше кој е непрооден и со користење на зимска опрема. Се превземаат активности за расчистување на снегот на локалниот пат с. Дреново – Долно и Горно Јаболчиште. Во општините Свети Николе и Лозово, во моментот, поради снежни наноси предизвикани од силниот ветер, не се проодни патните правци кон селата Кнежје, Орел, Трстеник, Павлешенци, Малино, Крушица, Преод и Долно Ѓуѓанци.
Штипски регионВо општина Штип непроодни се патиштата према ридско планинските села Шашаварлија, Брест, Горачино, Танатарци, Пухче и Љуботен.  Во општина Карбинци, непроодни се сите ридско планински села на планината Плачковица, што е условено со чистење на регионалниот пат с.Аргулица – одморалиште Плачковица.
Липковски регионВо општина Липково, патните правци кои гравитират кон планинските села се непроодни.
Кумановски регионРегионалниот пат Крива Паланка – с.Огут е непроден, отсечени се селата Габар, Метежево, Огут и Нерав. Регионалниот пат Крива Паланка – с.Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат с.Дурачка Река, м.в.Метов – с.Дренак е непрооден.Регионалниот патен правец Ранковце – с.Герман е непрооден.
Гостиварски регионВо општина Маврово – Ростуше патниот правец кон с.Галичник е непрооден. Во општина Врапчиште сите патни правци се проодни, освен кон Пожаране и Ломница кои сè уште не се проодни.
Од „Македонијапат“ и АМСМ известуваат дека забрани за тешки товарни возила има на патните правци Крак Маврово – Дебар, Крак Стража – Кичево и на планинските премини Пресека и Ѓавато.
 Во општина Кисела Вода, патните правци од Марков Манастир до селата Црн Врв и Патишка Река, не се проодни за сообраќај за сите видови возила, како

Пронајдете не на следниве мрежи: