Снегулки со шунка и кашкавал

На изглед-прекрасни, на вкус-превкусниСостојки:
600 гр брашно
20гр свеж квасец или 7гр инстант
1 лажица пециво
100л јогурт или кисело млеко
200мл млеко
100мл масло
2 лажички сол
1 јајце
За внатрешноста
1 јајце, шунка и кашкавал
По желба сусам, ким, ленено семе или сончоглед   за посипување
Подготовка:
Растворете го квасецот во малку млако млеко, додадете и некоја лажица брашно. Во јогуртот или киселото млеко растворете го пецивото. Од останатите состојки замесете тесто, а со маслото домесете- треба да добиете една фина структура на тесто, ниту  тврдо ниту меко. Оставете го тестото да нарасне.
Кашкавалот и шунката исечете ги на тенки парчиња.
Кога тестото ќе биде готово, на набрашнете површина со сукалка развлечете тенка кора и со чаша или калап сечете кругови. На еден круг од тестото ставете парче сувомеснато и парче кашкавал и одозгора уште еден круг тесто. Кругот исечете го на осум краци, така што средината ќе остане неисечена. Сега едниот крак свртете го кон лево , а тој до него кон десно. Истата постапка повторете ја со сите краци- и тоа е тоа. На крaј снегулките премачкајте ги со јајце, посипете со семето кое сте го одбрале и печете околу 15-20 минути, на 200 степениСостојки:
600 гр брашно
20гр свеж квасец или 7гр инстант
1 лажица пециво
100л јогурт или кисело млеко
200мл

Пронајдете не на следниве мрежи: