Поранешниот разузнавач на ЦИА, Едвард Сноуден, истакна дека поседува докази кои покажуваат дека Осама Бин Ладен не е убиен во 2011 година во Пакистан и дека е жив, а за неговата здравствена состојба коментираше дека е во најдобар ред.Во интервју за московска Трибина, тој тврди дека Бин Ладен живее на Бахамите и е платен од ЦИА.
– Поседувам документи кои потврдуваат дека Бин Ладен сѐ уште е на платениот список на ЦИА и заработува по 100 илјади долари месечно, а му се префрлаат по пат внатрешни организации. Моментално немам информации кај се наоѓа сега, но во 2013 година живееше во вила заедно со неговите 5 жени и со децата – вели Соуден за рускиот весник.
Сноуден продолжува да тврди дека убиството на Бин Ладен било организирано од страна на ЦИА.
– Бин Ладен беше агент на ЦИА долго време. ЦИА го режираше неговото убиство со помош на пакистанските тајни служби. Од моментот кога се мисли дека е ликвидиран, никој не истражува за него и е најлесен начин за да исчезне. Без брада и војничка униформа никој не го препознава, истакна Сноуден за московскиот весник Трибина.Во интервју за московска Трибина, тој тврди дека Бин Ладен живее на Бахамите и е платен од ЦИА.
– Поседувам документи кои потврдуваат дека