Вчера 21.09.2016 (Мала Боргородица) со богата културно-уметничка програма беше одбележана 12годишнината од постоењето на Општина Чешиново-Облешево.И оваа година прославата започна со Традиционалниот чин на рачно зажнејување на оризот, со што беше означен почетокот на жетвената кампања во рамките на општината.
Културно-уметничкиот дел од програма оваа година се одржа во Паркот во Облешево каде што свој настап имаа домашни и странски фолклорни групи учесници на „Истибанско Здравоживо“. Публиката во Облешево уживаше во настапите над 300 учесници кои ги презентираа своите традиционални носии и ора на Фолклорните ансамбли на Украина , Монголија, Црна Гора, Косово и Метохија, Турција, Романија, Латвија, Македонија и др.
Во вечерните часови публиката уживаше во концертниот настапат на Ефто Пупиновски, а веднаш по него разгорената атмосферера ја збогати и атрактивната Даниела Темелковска.
Жителите на Чешиново-Облешево и околните општини и покрај дождливото време со добра музика, многу скара и алкохол го прославија празникот на општината.И оваа година прославата започна со Традиционалниот чин на рачно зажнејување на оризот, со што беше означен почетокот н