Млекарницата Бимилк обезбеди 20 лактофризери во вредност од 100.000 евра за своите кооперанти, производители на овчо млеко. Лактофризерите кои денес млекарницата ги додели на бесплатно користење на своите кооперанти имаат капацитет на складирање од 10-15 тони сурово овчо млеко дневно со што значително ќе се зголеми потенцијалот за производство на квалитетно сурово овчо млеко од домашни фармери.Снабдувањето на кооперантите со најсовремена опрема за безбедно чување на суровото млеко е само една од низата мерки со кои Бимилк ќе го стимулира производството на овчо млеко од домашни производители, а со тоа ќе придонесе за подобрување на состојбите во производството на овчо млеко, проблем кој се провлекува подолго време во македонското сточарство.
„Доделувањето на лактофризери за нашите кооперанти за сурово овчо млеко значително ќе го олесни процесот на складирање на млекото и чување на неговите карактеристики пред да биде откупено. На овој начин им се помага на млекопроизводителите, но воедно и се обезбедуваат поголеми количини на квалитетно сурово овчо млеко достапни за откуп. Имајќи предвид дека сточарството е макотрпна работа и долготрајна дејност, Бимилк секогаш ќе остане на страната на фамилијарните комерцијални фарми преку отвореност за воспоставување на долгорочна соработка од 5 и повеќе години.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк
Во изминатите неколку години млекарницата реализираше бројни мерки за помош на домашното производство на кравјо млеко меѓу кои набавка на повеќе од 1200 високостелни јуници, а од оваа година паралелно со стимулирањето на производството на кравјо млеко, Бимилк ќе инвестира и во домашното производство на овчо млеко. За таа цел Бимилк има план да обезбеди генетски материјал за овчарските стада со цел кооперантите да имаат можност да го зголемат својот потенцијал, а на тој начин и да го зголемат количеството на произведено овчо млеко.
Снабдувањето на кооперантите со најсовремена опрема за безбедно чување на суровото млеко е само една од низата мерки со кои Бимилк ќе го стимулира