Со години продавал сперма: Открил дека има 34 деца!

Маж од Лондон многу често ја продавал својата сперма бидејќи му требале пари. Пред две години одлучил да ги провери податоците и бил запрепастен кога открил колку деца се родени благодарејќи на неговата сперма. „The Guardian“ напиша приказна за мажот, кој во статијата е именуван како Крис Уитман, кој со години ја продавал својата сперма за да заработи пари. По неколку години и еден пропаднат брак, Крис открил дека е татко на 34 деца!
Имено, во 1991 година Крис живеел во Лондон и работел работа како тренер за која не бил добро платен.
Начул дека донатори на сперма секогаш се бараат и не размислувал многу – станал редовен посетител на една клиника во јужниот Лондон. Ја посетувал два пати неделно, меѓутоа набргу потоа почнал повторно да работи и така честите одења до таму не му се вклопувале во претрупаниот распоред.
По неколку години заборавил на неговите одења до клиниката во Лондон, а подоцна се преселил во странство со својата девојка. Таа не сакал да знае за деталите од овие негови донирања.
По пар години добиле деца и се вратиле во Велика Британија. Неговиот живот сосема се изменил, постанал посветен на своите деца.

По некое време се запрашал каде се другите деца, тогаш и се распаднал неговиот брак, па се посветил на откривање колку деца се родени благодарејќи на неговата сперма.
Најпрво се обратил во ХЕФЕА – агенција која прикупува податоци за донаторите во Велика Британија. По некое време го побарале и му соопштиле дека тој всушност, го држи рекордот по донации, а подоцна му ја пратиле листата на родени 34 деца од 1992 до 2003 како плод од неговата сперма. 20 девојчиња и 14 момчиња шетаат со негови гени по светот, а една мајка од нив побарала информации за него. „The Guardian“ напиша приказна за мажот, кој во статијата е именуван како Крис Уитман, кој со години ја продавал својата сперма за да з

Пронајдете не на следниве мрежи: