Во Македонија општествено одговорните компании постојано организираат низа кампањи со цел да ја подигнат свеста кај граѓаните и со тоа да помогнат на оние кои им е потребна нивна помош.Натусана Македонија како реномирана компанија е една од нив, така што 10 годишниот јубилеј го одбележува преку кампањата „За хуманоста да стане навика“. Токму со оваа акција, изминатите три месеци фокусот им беше да се соберат средства наменети за уредување на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје.
„Нашето мото – Здрава навика, е првичната наша мисија, да подариме радост и задоволство а со тоа и да повикаме на корисни и здрави навики во секојдневието. Оттука произлезе и идејата за создавање на кампања во која ќе бидат вклучени граѓаните и институциите и нивниот придонес кон заедницата и загрозените групи и со тоа да се поттикне во иднина хуманоста да стане секојдневна навика. Така и се роди кампањата „Хуманоста да стане навика“, што буквално ги сврти сите наши погледи кон децата и вработените во Дневниот центар за аутизам во Скопје“, изјави Александар Донев, генерален менаџер на Натусана.
Донацијата ќе се состои од реквизити за децата кои ќе им бидат потребни за време на престојот во Центарот, како и уредување на нивното ново катче, поточно сензорната соба. Граѓаните ќе може да се вклучат во кампањата со своја донација и директно да придонесат со купување на палетата производи од Мултивитамол или Лакалут детската линија за орална хигиена, во која било од аптеките ширум земјава, што ќе биде возможно до крајот на месецот.
„Среќни сме што јубилејот, 10 години откако Натусана работи во Македонија и оваа многу значајна годишнина, ја одбележуваме со една ваква хумана активност. Имено, одлуката за да се насочат средствата кон донација наместо кон организирање на прослави, е многу посоодветно, особено за нас што работиме со производи за стекнување на здрави навики и производи за деца. Тоа беше одлучено едногласно и без двоумење. Се надеваме дека со оваа акција ќе ги поттикнеме граѓаните да ја покажат својата хуманост на дело“, додаде Донев.
Секој работен ден, Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје го посетуваат 10 деца, a уште 5 други се под опсервација и добиваат соодветен третман од стручен тим, кој е составен од логопед, психолог, дефектолог и негувателка.
„Децата со аутизам имаат поинаква дарба да го доживеат светот, што всушност ги прави толку посебни. Подеднакво се желни за комуникација и бараат внимателен пристап. Работата со овие деца бара многу посебни и специфични помагала и затоа секој нов ден ни е предизвик. Затоа, заедно заклучивме дека ни е потребна специјална опрема и реквизити како би можеле на овие деца да им обезбедиме адекватно специјализиран третман“, додаде Елена Степаноска, координатор во Дневниот центар за аутизам во Скопје.
Од центарот додаваат дека иницијативата треба да ги поттикне граѓаните за да се подигне свеста за потребите на функционирање на институцијата и е добредојдена од секој можен аспект.Натусана Македонија како реномирана компанија е една од нив, така што 10 годишниот јубилеј го одбележува преку кампањата „За хумано