Амбасадата на Јапонија во Виена потпиша пет грант договори кои ќе обезбедат вкупно 302.020 евра помош за пет проекти во Македонија. Два од проектите се однесуваат на реновирање со цел да се закрепне од штетите нанесени од поплавите во 2015 година и два проекта со помош за моменталната бегалска/мигрантска криза.Меѓу овие пет проекти е и Проектот за реновирање на Здравствена станица во село Двориште која е во доста лоша состојба и за нејзината реконструкција се обезбедени 29.236 евра.
Јапонскиот грант ќе обезбеди средства за поправка на покривот, реновирање на објектот, прозорците и вратите и ќе обезбеди соодветен систем за дренажа кој во иднина ќе ја заштити здравствената станица од поголеми поплави.
Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“ (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP)) основана од Владата на Јапонија.Меѓу овие пет проекти е и Проектот за реновирање на Здравствена станица во село Двориште која е во доста лоша состојба и за нејзината реконструкциј