Со мала хуманост до голема цел

Двете компании во заеднички хуман гест за опремување на Клиниката за Гинекологија и Акушерство во СкопјеПрашање: Жито Маркети и Кожувчанка заедно работат на донаторската кампања „Со мал дел до голема цел“ која има за цел да ги подобри условите во Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје. Како дојде до таа идеја?
Стојанче Тодороски: Жито Маркети има долга традиција на грижа кон заедницата и постојано бара начин како активно да помогне и да го подобри квалитетот на живеење во општеството. Oвој пат, заедно со Кожувчанка решивме да придонесеме за Клиника за Гинекологија и Акушерство во Скопје и заедно со нашите потрошувачи да продолжиме да придонесуваме за подобар живот за сите граѓани. Спојувањето со Кожувчанкадојде како одговор на нивната иницијатива, која што ја прифативме без размислување, пред се заради институцијата за каде се наменети средствата. Имено, кампањата „Со мал дел до голема цел“ не спои двете компании, во нашите искрени мотивибезрезервно да помагаме секаде каде е потребно, филантропска корпоративна политика и правилен систем на вредности.
Прашање: Што всушност преставува кампањата? Кој сѐ може да се вклучи во донаторската акција и на кој начин може да го стори тоа?
Ратко Мицев:Станува збор за една многу ефективна кампања што очекуваме да покаже значајни резултати. Во соработка со Жито Маркети најдовме метод како вистински да помогнеме во Клиниката за Гинекологија и тоа преку акција која ќе се одвива во сите градови низ Македонија каде што има Жито Маркети.Под слоганот „Со мал дел до голема цел“ се подразбира дека граѓаните можат да ја поддржат оваа кампања и со самото купување на Кожувчанка во кој било Жито Маркет ќе се издвојат средства за фондот за донација што потоа ќе бидат искористени за набавка на потребната опрема во клиниката.На тој начин ги вклучуваме и граѓаните, ги мотивираме и поттикнуваме и се надеваме дека добрата мисла за моќта на малата заложба со која што можат да се постигнат големи цели, ќе се рашири насекаде.
Прашање: Што очекувате од оваа кампањата?
Стојанче Тодороски:Со помошта на граѓаните очекуваме во иднина да имаме подобри услови во гинеколошката клиника во Скопје.Како иницијатори на оваа кампања заедно со Кожувчанка, учеството на граѓаните ни е најважно, затоа што со нивната добра волја и солидарност ваквите акции добиваат на важност а истовремено преку нив се овозможуваат и се прават значајни работи за подигнување на свеста, како и за општото добро на сите. Затоа ги повикувам граѓаните да се приклучат и да ја искажат својата хуманост со поддршка на кампањата.

Прашање: Во Македонија овој тип на добротворни соработки помеѓу компаниите добиваат на се поголемо значење. Дали верувате дека во иднина ќе се зачестат ваквите здружувања и што би ги советувале другите компании по оваа тема?
Ратко Мицев:Верувам дека се повеќе компании го разбираат концептот и значењето на општествената одговорност, затоа што тоа е пред се вложување во сопствената иднина. Институциите од јавен интерес, училиштата, здравствените установи се дел од животите на сите нас во овој град или држава. Затоа голем дел од компаниите во Македонија самоиницијативно бараат начини како да ги подобрат условите во јавните установи. Но, кога ќе се појави прилика како оваа меѓу нас и Жито Маркети, две општествено одговорни компании да имаат иста хуманитарна цел тогаш шансата не смее да се пропушти и мора да се искористи зголемениот удел на компаниите во подобрување на општеството и животот на граѓаните.Затоа и апелирам до сите компании во Македонија да создаваат вакви хуманитарни иницијативи и преку најразлични активности да ја покажат својата општествено одговорна страна преку која сите заедно ќе изградиме едно подобро и поубаво место за живеење.Прашање: Жито Маркети и Кожувчанка заедно работат на донаторската кампања „Со мал дел до голема цел“ која има за

Пронајдете не на следниве мрежи: